Тони Зен и неговото семејство деновиве уживаа во нова семејна авантура во живописниот Бијариц, Франција.
Македонскиот музичар отпатува таму со сопругата и нивните две деца Дена и Јасен и сподели дел од атмосферата од патувањето со своите следбеници на социјалните мрежи.
На дел од фотографиите, 43-годишниот рапер ја носи во кенгур ќеркичката Дена, а на другите ја вози во количка. Девојчето во декември ќе наполни една година.
Сместен на францускиот атлантски брег, Бијариц е познат по долгите плажи, прекрасните пејзажи и опуштената атмосфера, а семејството на Тони очигледно го користи патувањето за да ужива во заедничкото време и да создаде нови спомени.