Атрактивна во сребрено: Маја Шупут со луксузна роденденска забава за синчето кое го доби на 41 година
Маја Шупут со луксузна забава го прослави 5-тиот роденден на синчето Блум.
46-годишната хрватска пејачка блесна во впечатлива сребрена комбинација на прославата во диско стил за нејзиното синче.
Маја сподели фотографии и видео од роденденската забава на која малиот славеник пристигна со лимузина, а со другарчињата танцуваше на светлечки под, опкружен со диско-топки, сребрени балони и богата декорација инспирирана од 80-тите години.
Нека ти е најсреќен 5-тиот роденден, љубов моја најголема 🎂❤️🥰🥳🤩
Ти си највеселото, најслаткото и најшармантното суштество кое сум го запознала.
Ти си најголемата радост во мојот живот и далеку најубавото нешто што сум го направила.
Нема ден да не сум благодарна што токму ти си мој син и што нашата љубов е толку голема, а ние двајца толку поврзани 👫❤️❤️
Уживај во својот голем ден, те сака твојата мама 🥰🥰🥰 – напиша Шупут на Instagram.
На прославата присуствуваше и таткото на Блум, бизнисменот Ненад Татаринов, со кого Маја се раздели во 2025 година.