• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Ангелско деби од 50 милиони долари: Кајли Џенер за првпат на ревија на Victoria’s Secret, го носеше најскапиот градник

19 октомври 2026, 13:05
  • cподели

Кајли Џенер беше најголемото изненадување на годинешната ревија на Victoria’s Secret.

29-годишната ријалити ѕвезда за првпат зачекори на модната писта на славниот бренд и тоа во спектакуларно издание вредно неверојатни 50 милиони долари.

Со огромни бели ангелски крилја, блескаво мини здолниште и дијамантски градник, Кајли го привлече вниманието на присутните на гламурозното шоу во Лос Анџелес.

Но, највпечатлив елемент од нејзиниот стајлинг беше легендарниот Градник од фантазиите. По осум години пауза, прочуениот дијамантски градник се врати на пистата.

Зад спектакуларната креација стои луксузната куќа Jacob & Co.. Градникот е изработен целосно од 18-каратно злато и природни дијаманти, а под скапоцените камења нема ниту сантиметар ткаенина.

Составен е од 3.218 индивидуално излеани делови и украсен со вкупно 4.410 природни дијаманти. Во центарот блеска раскошен жолт дијамант од 75,54 карати и само неговата вредност се проценува на вртоглави 22 милиони долари. За создавањето на градникот биле потребни повеќе од 1.000 часа работа и вештите раце на 15 мајстори.

Со проценета вредност од 50 милиони долари, градникот е најскапиот Fantasy Bra во историјата на Victoria’s Secret. Меѓу славните убавици кои низ годините ја имале честа да го носат дијамантскиот градник се и Адријана Лима и Хајди Клум, кои го носеле по трипати.

Дебито на Кајли од публиката го следеа нејзиното момче Тимоти Шаламе и мајка ѝ Крис Џенер.

Tags
Кајли Џенер
шоуто на Victoria’s Secret 2026

Најнови

  • Ангелско деби од 50 милиони долари: Кајли Џенер за првпат на ревија на Victoria’s Secret, го носеше најскапиот градник

    Mon, 10/19/2026 - 13:05
  • Адријана Лима

    Кралица на ангелите: Адријана Лима восхити на 45 години на својата 21. ревија за Victoria’s Secret

    Mon, 10/19/2026 - 11:53
  • Запеа за братот Томче, исполни ветување кон 8-годишен фан, пееше со Слаткар: Калиопи со фантастичен концерт во Скопје

    Mon, 10/19/2026 - 10:24
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.