Актерката Амернис Нокшиќи прослави роденден, изгледа фантастично и на чекор до 50-тата година
Амернис Нокшиќи наполни 49 години.
Македонската актерка пред неколку дена го прослави својот роденден со ќерките и најблиските пријатели. На социјалните мрежи, Амернис сподели видео во кое дува свеќичка на роденденската торта, како и фотографии од славењето.
Меѓу многубројните коментари со роденденски честитки, беше и оној на Каролина Гочева која напиша:
„Среќна, најсреќна убавице! 😘🎈“
Природна и шармантна, со убавина која не познава возраст, ретко кој би рекол дека Нокшиќи е пред прагот на шестата деценија. Изгледа речиси идентично како пред 20-тина години.
„Како навлегов во 40-тите работите некако се сменија. Знам што сакам, а што не. Искуство“ - изјави таа во претходно интервју.
Глумицата, која е позната по многу филмски и телевизиски улоги, е мајка на ќерките Бора и Каја од бракот со новинарот Борјан Јовановски.
Во септември, трите беа на заеднички женски одмор во Малта.