Не се само мажите опседнати со изгледот на горниот дел на рацете. И жените посакуваат убаво тонирани раце со кои ќе можат да се гордеат кога и да облечат облека без ракави. За разлика од мажите кои сакаат што поголеми мускули, жените се стремат да имаат што послаби, но цврсти мускули кои убаво ќе се оцртуваат.
Скоро сè што правите во текот на денот (носењето на кесите после пазарување, подигањето на вашето дете и сл.) ги зацврстува бицепсите на рацете, т.е. мускулите на предната страна на горниот дел на рацете. Па, како последица на тоа многу жени страдаат од „лилјачки крилја“, т.е. опуштени трицепси (мускулите на задниот горен дел на рацете). Тие често буквално висат и се тресат непривлечно при секое движење на раката.
За да го избегнете тоа, потребно е да практикувате вежби за зацврстување на сите мускули на рацете. Ако сакате да ги стегнете бицепсите, трицепсите и рамената, тогаш еве соодветни вежби.
5. Започнете од положба за склекови. Потпрете го горниот дел од телото на рацете, а дланките поставете ги малку пошироко од рамената. На почетокот рацете треба да ви бидат исправени, а не свиткани во лактите. Спуштете се околу 5 сантиметри кон подот и задржете се во таа положба 10 секунди. Потоа спуштете се уште 10cm и задржете 10 секунди. Повторувајте го тоа додека горниот дел на телото не биде блиску до подот. Потоа подигнете се нагоре. Ако ви е тешко, можете да се потпрете на подот со колената наместо со врвовите на пристите од нозете (во положба за женски склекови).
Совет:
Ако сте почетничка, користете тегови со најмала тежина, не повеќе од 1 килограм. Како што напредувате, зголемувајте ја тежината.







