• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

54-годишна Гркинка роди ќерка со 22 години замрзнат ембрион по трагичната смрт на 21-годишниот син

11 септември 2026, 14:02
  • cподели

Неверојатна приказна за мајчинството, загубата и надежта деновиве доаѓа од Грција.

Кристина Рапти-Целепи роди здраво девојче од ембрион кој бил замрзнат повеќе од 22 години. Зад медицинскиот подвиг на 54-годишната Гркинка се крие приказна исполнета со огромна болка.

Кристина и нејзиниот сопруг Константинос во 2004 година се подложиле на ин витро. При процесот на вонтелсено оплодување биле замрзнати 12 ембриони. Кристина останала бремена по првиот трансфер и девет месеци подоцна родила син.

За жал, минатата година, родителите доживеале незамислива трагедија. Нивниот син, кој имал само 21 година, загинал во сообраќајна несреќа. 

По неговата смрт, Кристина и Константинос донеле тешка одлука да искористат еден од ембрионите кои останале замрзнати уште од 2004 година.

Нивната ќеркичка се роди на 9 септември во клиниката „Genesis Athens“, а ембрионот бил префрлен во матката на Кристина на 23 декември 2025 година.

Случајот, според медицинскиот тим, претставува најдолг досега документиран период на криопрезервација на ембрион кој резултирал со живородено дете. Од замрзнувањето до раѓањето поминале 22 години, пет месеци и 23 дена.

Парот вели дека нивната новородена ќерка никогаш нема да може да го замени синот кој засекогаш ќе има свое, посебно место во нивното семејство. Но, нејзиното раѓање повторно донело топлина и светлина во нивниот дом, кој по неговата загуба бил исполнет со темнина.

„Имаше и тага и радост, но сè исчезна утрово кога ја зедовме нашата убавица во раце“ – изјавила Кристина.

Медицинскиот тим наведува дека досега нема документиран случај во кој ембрион бил замрзнат подолго од овој период, а потоа резултирал со успешно раѓање. Претходно забележаните случаи вклучуваат ембрион замрзнат 18 години и три месеци во Јапонија и 17 години во Израел. Сепак, тврдењето за светски рекорд допрва треба да биде независно потврдено преку научна публикација.

Tags
инвитро

Најнови

  • 54-годишна Гркинка роди ќерка со 22 години замрзнат ембрион по трагичната смрт на 21-годишниот син

    Fri, 09/11/2026 - 14:02
  • Македонката Мила Рељиќ влезе во најдобрите 10 таеквондистки на светот, освои бронзен медал во Кина

    Fri, 09/11/2026 - 13:24
  • „Со најдобриот на сите времиња“: Живкица Каленикова во друштво на Новак Ѓоковиќ, најави дека ќе дојде во Охрид

    Fri, 09/11/2026 - 12:32
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.