• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

5 совети за грижа за очите од Систина Офталмологија

25 јули 2016, 10:55
  • cподели

Во летните месеци задолжителна е грижата за вашете очи од штетните УВ зраци. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои поминуваат повеќе време на сонце без соодветна заштита, имаат предиспозиции да добијат катаракта осум до десет години порано од луѓето кои не се изложуваат често на УВ зраци. Затоа, редовно практикувајте ги следните едноставни совети и вашите очи ќе ви бидат благодарни.

Совети за гржа за очите

1. Никаде без очила за сонце и шешир. И на сончево и на облачно време, носете очила за сонце со 100 процентна заштита од УВА и УБВ зраци. Исто така, не излегувајте од дома без шешир бидејќи освен што е моден детаљ, вие ќе изгледате фраерски на плажа со се очилата, а тој значително ќе ја зголеми заштитата од штетните зраци.

2. Хигиена на раце. Инфекциите како коњуктивитис лесно се пренесуваат од човек на човек, па дури од заразена површина. Во зависност од површината како и видот на инфекцијата, според одредени истражувања е утврдено дека некои бактерии многу брзо изумираат, додека други живеат до два дена, а доколку е вирусна инфекција, може да опстане дури до 8 недели. Затоа почесто мијте ги рацете и не ги триете очите со нечисти раце!

3. Прашината е штетна. За сите оние кои ќе посетат некој од летните фестивали и концерти, внимавајте на прашина бидејќи може да предизвика пецкање, црвенило, суви очи и се разбира, инфекции. Во летниот период, честопати се случува очите да се сушат, така што капките се неопходни за да се врати влажноста на окото. Доколку почнат да ве болат очите или пак имате алергија, задолжително посетете офталмолог за да ви препише соодветни капки.

4. Не го запоставувајте спиењето. Иако сите го знаеме значењето на добриот сон, сепак посебно во летните месеци не стигнуваме доволно да отспиеме. Но, студиите покажуваат дека на луѓето кои недоволно спијат, очите почесто им се сушат и кај нив поголема е веројатноста да се јават проблеми со видот.

5. Пијте вода и хранете се здраво. Можеби ќе се изненадите, но се’ што јадете влијае на вашиот вид. Затоа, јадете храна полна со витамин Ц, витамин Е и цинк, бидејќи на тој начин ја намалувате можноста за болеста макуларна дегенерација. Секако, хидрирајте се со доволно количина на вода, затоа што доколку не пиете доволно, очите можат да ви станат посуви.

Уживајте во летото и летните активности, но не ги заборавајте и офталмолошките прегледи кои со навремено дијагностицирање придонесуваат за подобро здравје на вашите очи. Како што велат, подобро да се спречи отколку да се лечи!

Специјален летен попуст во Систина Офталмологија! Ласерската корекција на диоптрија за 450 евра од око за првите 100 пациенти кои ќе ја направат интервенцијата до 30.08.2016 година. Повеќе информации на тел: 02/3097-000 или 070/351-008.

Tags
Систина
Систина Офталмологија

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.