• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„19 години без нашиот Тоше, вечно ќе го паметиме моментот на неговата смрт“: Игор Џамбазов на годишнина од смртта на Тоше Проески

16 октомври 2026, 08:27
  • cподели

Денес се одбележува уште една годишнина од смртта на Тоше Проески, денот кога Македонија и регионот се соочија со загуба која остави неизбришлива трага. 

И по 19 години, спомените за нашиот Тоше сè уште се живи, а неговото име буди исти емоции и тага како и на денот кога ја слушнавме веста за неговото заминување.

На трагедијата која засекогаш го промени животот на многумина се потсети и Игор Џамбазов, кој сподели емотивна порака за моментот кој никогаш нема да избледи од сеќавањата.

„19 години без нашиот Тоше… 💔🕊️“ - напиша тој

„Смртта на Тоше кај нас Македонците е некаков еквивалент на смртта на Џон Кенеди кај Американците. Сите оние што живееле во времето на тој можеби најпознат атентат во историјата, точно знаат каде биле во тој момент, со кого биле, што правеле, што зборувале и како реагирале на објавувањето на трагедијата.

Сите ние вечно ќе го паметиме тој момент.

И тешко дека ќе го заборавиме“ – стои во објавата на Џамбазов.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Жена на Жена (@zenanazena.com.mk)

На Instagram Story, Игор сподели фотографија со една од најпознатите негови изјави за Тоше. 

„Тоше почина без да умре, а ние кога ја слушнавме лошата вест, умревме без да починеме" - Игор Џамбазов.

Претходно, во подкастот на Ландов, Игор зборуваше за огромното позитивно влијание кое го имаше Тоше во регионот, а и пошироко.

Деветнаесет години подоцна, Тоше и понатаму живее преку своите песни, хуманоста и љубовта која им ја даваше на луѓето. 

Времето минува, но загубата никогаш не станува помала. Неговиот глас останува дел од колективното сеќавање на Македонија.

Tags
Тоше Проески

Најнови

  • Јана Серафимова е бремена, блесна во гламурозна креација која ѝ го истакна трудничкото стомаче

    Fri, 10/16/2026 - 08:31
  • „19 години без нашиот Тоше, вечно ќе го паметиме моментот на неговата смрт“: Игор Џамбазов на годишнина од смртта на Тоше Проески

    Fri, 10/16/2026 - 08:27
  • Маја Шупут

    Маја Шупут прослави 47. роденден со луксузна забава и за првпат го покажа новото момче

    Thu, 10/15/2026 - 23:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.