• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

16 дена активизам против насилство врз жени под мотото #НемаОправдување!

25 ноември 2019, 12:43
  • cподели

На Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените, со официјален настан во паркот „Жена борец“, денес од 19ч., ќе се означи почеток на годинешната кампања со слоган „#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“. Со настанот започнуваат и останатите активности што ќе се реализираат во текот на глобалната кампања 16 дена активизам против родово-базирано насилство, што ќе трае до Меѓународниот ден на човекови права, 10 декември 2019 г.

Во светски рамки, една од три жени е жртва на насилство. Во нашата земја, само во првите 9 месеци од 2019 година, пријавени се 709 кривични дела од областа на семејното насилство, а 610 од жртвите биле жени.

Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените

Насилството врз жените и девојчињата постои во најразлични форми, во кои влегуваат различните психички и физички акти на насилство што се случуваат секој ден. Цел на кампањата е да поттикне дискусија, споделување и активно вклучување во борбата против насилството врз жените и девојчињата. Замислена е да ја рефлектира темата „Обојте го светот во портокалово: Генерацијата Еднаквост зазема став против силувањето“, а како носечки симбол на овој настан е целосното „портокалово“ осветлување на паркот „Жена борец“. Портокаловата боја е избрана како симбол за посветла иднина без насилство врз жените и таа боја е основа за целата кампања која ќе трае 16 дена.

На настанот ќе присуствуваат бројни високи владини претставници, како и претставници на Мисиите на ОН, Европската Унија и ОБСЕ во Северна Македонија, кои ќе се обратат на присутните истакнувајќи ја важноста од проактивно вклучување на сите институции и воопшто генералната јавност во борбата против различните форми на насилство врз жени и девојчиња.

Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените

Планираните активности за 16те дена активизам вклучуваат кампања на социјалните медиуми, со објавување различни содржини и едукативни пораки против насилство од различни луѓе, од различни сфери на животот како нивен знак на поддршка и организирање низа активности, како и дебати и работилници низ целата држава.

Следете го хаштагот #НемаОправдување и приклучете се кон единствената цел – општество без насилство врз жени и девојчиња.

Tags
семејно насилство
насилство врз жените

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.