• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Фитнес

10 вежби за убави нозе

9 јуни 2010, 10:10
  • cподели

Многу жени имаат комплекси поради своите нозе. Ако и вие се двоумите дали да го облечете омиленото кратко фустанче заради изгледот на нозете, започнете да ги зацврстувате со помош на следниве вежби:

Вежба за задник и бутовиЗастанете исправени. Нозете треба да ви бидат со распон еднаков на ширината на колковите. Испружете ги рацете напред, во висина на рамената, за да одржувате баланс. Започнете да клекнувате надолу. Внимавајте колената да не ги надминуваат врвовите на прстите на нозете. Задникот треба да го снижувате кон подот, а грбот да го држите исправен.

Потклекнете малку, задржете се во таа положба 5 секунди, потоа потклекнете уште малку, задржете 5 секунди и клекнете трет пат (задникот и горниот дел на нозете да бидат паралелни на подот), повторно задржувајќи се во таа положба 5 секунди. Додека се исправувате нагоре, стегнете го задникот. Повторете ја оваа вежба 8 пати.

Мускулите на задникот и бутовите имаат најголема корист од оваа вежба.
Вежба за нозе, задник и странични стомачни мускулиСвиткајте ги малку колената и наведнете го телото на левата страна. Со десната нога зададете удар во воздух (како на сликата). Вратете се во првата положба и скокнете в место. Потоа повторете го ударот со нога, па повторно скокнете в место.

Направете 15 повторувања со десната и 15 со левата нога.

Освен цврсти нозе, оваа вежба ќе ви донесе и цврст задник и поцврсти странични стомачни мускули.
Вежба за нозе, задник и странични стомачни мускулиЗастанете исправени и поставете ги рацете зад главата. Нозете треба да ви бидат во ширина на колковите. Клекнете до степен кога колената ви оформуваат агол од 90°. Свртете го горниот дел на телото на десната страна (како што е покажано на сликата). Потоа скокнете. Додека скокате, свртете го горниот дел од телото кон левата страна и застанете на нозе во клекната положба.

Повторувајте наизменични скокови (прво налево, па надесно) во период од 20-30 секунди.

Со оваа вежба ќе ги зацврстите мускулите на нозете, задникот и страничните стомачни мускули.
Вежба за задник и нозеРаширете ги нозете во ширина на колковите, а рацете испружете ги напред во висина на рамената. Дланките треба да ви бидат свртени надолу. Клекнете до позиција во која колената ќе ви оформат агол од 90°. Скокнете. Додека скокате, носете ги колената кон градите и со рацете фатете ги (како на сликата). Потоа повторно застанете потклекнати.

Повторете ја оваа вежба 20 пати или правете ја постојано во период од 20-30 секунди.

Ова забавно скокање ќе ви помогне да ги обликувате мускулите на нозете и задникот.
Вежба за задник, стомачни мускули и нозеЗастанете исправени, а од левата страна поставете стол за којшто ќе можете да се придржувате. Прстите на нозете треба да ви бидат насочени нанадвор. Додека со левата рака го држите столот, десната рака испружете ја над главата, а десната нога испружете ја настрана (како на сликата). Со десната нога започнете да правите кругови.

Направете 10 круга во правец на стрелката на часовникот и 10 во обратен правец. Повторете ја истата вежба со другата нога.

Освен да ги зацврстите бутовите, оваа вежба ќе ви помогне да го зацврстите и задникот и стомачните мускули.
Вежба за задник и бутовиЗастанете исправени и направете голем чекор напред со левата нога. Започнете да се спуштате надолу додека левото колено не оформи агол од 90°, а десното е малку над подот. Рацете можете да ги држите на колковите, испуштени слободно покрај телото или пак да држите со нив мали тегови. Потоа, не поместувајќи ја десната нога, вратете ја левата во првобитната положба.

Повторете го тоа 10 пати со левата нога, а потоа уште 10 со десната. По ваша желба можете да ја правите оваа вежба со 20 наизменични повторувања (со левата, па со десната, па повторно со левата...).

Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите бутовите и задникот.
Вежба за задник, бутови и стомачни мускулиКлекнете на подот. Колената треба да ви бидат во распон малку поголем од ширината на колковите, а прстите на нозете да ви се допираат. Испружете ги рацете напред во висина на рамената и прекрстете ги прстите. Стегнете ги стомачните мускули и започнете да се наведнувате наназад колку што можете повеќе, а потоа исправете се. Повторете го тоа 10 пати.

Потоа, свртете го телото налево и додека се враќате наназад, испружете ја и левата рака назад. Враќајте се наназад додека со левата рака не го допрете подот. Повторете го истото на другата страна со десната рака. За почеток правете по 10 наизменични повторувања (5 налево и 5 надесно).

Оваа вежба ги зацврстува бутовите, задникот и стомачните мускули.
Вежба за задник и нозеЛегнете на подот, свиткајте ги и подигнете ги колената. Рацете испружете ги на подот покрај телото. Треба да стоите на прстите од нозете. Подигнете ја левата нога нагоре и исправете ја колку што можете повеќе. Започнете да го подигате задникот нагоре, а потоа спуштете го.

Повторете го тоа 15 пати, а потоа сменете ги нозете, т.е. подигајте се со помош на левата нога додека десната ви е испружена нагоре.

Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите бутовите, листовите на нозете и задникот.
Вежба за зацврстување на нозетеЗастанете на десната нога, така што левото стапало да ви биде зад десната нога (како што е на сликата). Подигнете ги рацете над главата и започнете да се кревате на прстите од десната нога. Задржете се подигнати 1-2 секунди и спуштете ја петицата.

Повторете го тоа со бавно темпо 10 пати, а потоа направете една серија од 20 брзи повторувања. Направете го истото и со левата нога.

Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите бутовите, листовите на нозете и во мала мера стомачните мускули.
Вежба за зацврстување на нозетеЗастанете исправени. Рацете поставете ги на колковите, а прстите од нозете доближете ги едни кон други. Започнете да се подигате на прстите од нозете. Задржете се подигнати две секунди, а потоа спуштете се.

Повторете го тоа 15 пати. Направете уште две серии од 15 повторувања.

Оваа едноставна вежба ќе ви помогне да ги обликувате листовите на нозете, а во мала мера и задникот и стомачните мускули.
Tags
вежби
фитнес
нозе

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.