Чизкејк + Нутела = сладок, кремаст деликатес кој ќе го правите повторно, и повторно, и повторно.
Состојки за тестото
| 250 грама | бисквити | 
| 75 грама | путер | 
| 15-20 грама | сецкани лешници | 
| 2-3 | американски бисквити со парчиња чоколадо (по желба) | 
| изрендана кора од четвртина портокал | 
Подготовка на тестото
- Сите состојки се ставаат во блендер/процесор и се мешаат додека да се добие „песокливо" тесто. Ако немате блендер, бисквитите се мелат или се дробат ситно, се додава растопениот путер и останатите состојки и се меша со миксер.
 - Смесата убаво се натапкува во тава (со раце или лажица). Најпожелно е да користи тава со прстен кој се вади. Добиеното тесто се става во фрижидер или замрзнувач да се стегне.
 
Состојки за филот
| 400 грама | Нутела | 
| 250 грама | крем сирење | 
| 250 грама | маскарпоне | 
| сок од четвртина портокал (без пулпа) | |
| 50-100 грама | сечкани потпечени лешници (за декорација) | 
Подготовка на филот
- Се матат крем сирењето со маскарпонето. Потоа се додава Нутелата и сокот од портокал.
 - Изматената смеса се истура врз изладеното тесто. Врз филот се наросуваат исечканите лешници.
 - Чизкејкот се остава 4-5 часа да се лади во фрижидер. Се сервира ладен.
 
Рецептот е на форумџиката @Babushka, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Чизкејк“.
		
