• Среда, 19 Октомври 2016
 
Состојки за еклерите
| ½ шолја  | млеко | 
| ½ шолја  | вода | 
| 6 лажици | путер | 
| 1 лажица | шеќер | 
| 1 шолја | брашно | 
| 5 | жолчки | 
| малку | сол | 
 
Подготовка на еклерите
- На средна температура загрејте ги млекото, водата, путерот, шеќерот и солта. Штом путерот се растопи, додајте го брашното и мешајте да се соедини смесата. Тргнете ја смесата од оган.
 
- Разбијте ја смесата со миксер. Додавајте ги жолчките една по една додека миксирате.
 
- Премачкајте плех за печење со масло. Со помош на шприц ставајте од смесата на „купчиња“.
 
- Печете 10-15 минути на 220-250°C, а потоа намалете ја температурата на 170-200°C и продолжете да печете уште околу 20 минути. Извадете ги од рерната и пресечете ги внимателно.
 
Состојки за крем карамел
| 1 шолја | шеќер | 
| ¼ шолја | вода | 
| 2 шолји | млеко | 
| ⅓ шолја | густин | 
| 4 | жолчки | 
| 1 лажица | путер | 
 | ванилин шеќер | 
 
Подготовка на крем карамел
- Во тенџере ставете ги водата и шеќерот да зовријат на средна температура (околу 10 минути). Течноста треба да добие румена боја. Тргнете ја настрана, додајте го млекото и повторно вратете ја на оган за да зоврие.
 
- Во одделен сад измешајте 4 лажици шеќер со густинот и додајте ги жолчките. Миксирајте за да се соединат. Во него додавајте малку од шербетот и миксирајте. Таа смеса налејте ја во тенџерето со шербетот.
 
- Вратете го тенџерето на оган уште 3-4 минути и додајте го путерот и ванилата. Штом е готово, оставете го да се излади. Покријте го со капак и ставете го во фрижидер.
 
- Во секој од еклерите ставете од кремот, а по желба и лешници. Еклерите можете да ги премачкате со путер чоколадо растопено во малку млеко. Исто така, можете да направите шлаг од преостанатите белки + ванилин шеќер. За декорација можете да искористите лешници и рендано чоколадо.