Почетна » Новости » Промо » „Хајнекен“ наздравува за вистински посветените навивачи: А кои се тие?!

„Хајнекен“ наздравува за вистински посветените навивачи: А кои се тие?!

Елиминациската фаза од Лигата на шампионите почна паралелно со новата кампања на „Хајнекен“, во чијшто фокус е освежување на дефиницијата за поимот „закоравен навивач“, кој во минатото често имаше негативно значење, но со постојната фудбалска платформа на „Хајнекен“ – „Посвеж фудбал“ (Fresher Football), станува поширок и попозитивен.

Хајнекен

Освежувањето на дефиницијата е прикажано и во носечкото видео за кампањата, снимено од австралискиот режисер Марк Молој, кое е инспирирано од вистински навивачи и, освен што ја претставува модерната навивачка култура, ја прикажува и ја слави приврзаноста на навивачите што живеат за фудбалот и за својот клуб.

За ова зборуваат и амбасадорите на марката во кампањата, капитенот на холандската репрезентација, Вирџил ван Дајк, и поранешната англиска репрезентативка, Џил Скот, кои застанаа едендодруг за заедно да го почнат поглавјето на отвореност во фудбалот.

Според Вирџил ван Дајк, фудбалерите треба да бидат горди на оваа кампања затоа што таа покажува колку навивачите ги ценат, но и влијае да се оттргне историското негативно значење на фразата „закоравени навивачи“ преку едукација и комуникација на навивачите.

Од друга страна, амбасадорката Џил Скот се присети на викендите од детството, кога заедно со дедо ѝ не пропуштала натпревар на „Стадионот на светлината“ и уште тогаш научила дека вистинските „закоравени навивачи“ изгледаат многу поинаку од сликата што се создава и дека таа, уште како тинејџерка, станала една од нив.

„Хајнекен“и понатаму продолжува да влијае позитивно на широчината во фудбалот и да им овозможи неверојатно фудбалско доживување на сите вистински навивачи. Провери тука како го прави тоа: www.heineken.com/realhardcorefans

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11510 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.