Почетна » Новости » Промо » Учениците на „Максимилијан“ преку хуманитарен базар и драмски изведби потсетија дека празниците треба да нè направат подобри луѓе

Учениците на „Максимилијан“ преку хуманитарен базар и драмски изведби потсетија дека празниците треба да нè направат подобри луѓе

Креативни ракотворби, музички и драмски изведби, собирање на средства за хуманитарни цели. Сето ова беше дел од хуманитарниот базар на училиштето „Максимилијан“, пропратено со новогодишна атмосфера и позитвна енергија од сите ученици, наставници и присутни.

Изминатиов викенд, во Меѓународното училиште „Максимилијан“ се одржа хуманитарен божиќен базар, како и повеќе музички и драмски изведби подготвени од учениците на оваа образовна установа.

Најмладите создадоа различни новогодишни украси и ракотворби посветени на новогодишниот период и божиќните празници. Имено, пред нас се денови кога подаруваме, споделуваме љубов и внимание со нашите блиски и сакани.

Максимилијан Максимилијан Максимилијан

Оттука, овој хуманитарен божиќен базар и мултимедијален настан на „Максимилијан“ го симболизираше сето она што учениците го учат во оваа установа во текот на годината. Хуманост, солидарност, мултикултурализам и емпатија, како вредности кои треба да ги практикуваме секојдневно и безусловно.

Родителите и присутните гости го изразија своето задоволство од фактот што учениците во ова училиште можат креативно да се изразат. Да направат конкретен продукт, да пејат, да глумат, јавно да говорат – работи кои се особено значајни за правилен раст на младите и нивно насочување и подготовка за следните образовни фази.

Средствата од хуманитарниот базар ќе бидат донирани на лица и деца во социјален ризик, со цел поспокојно да го поминат овој празничен период.

Максимилијан Максимилијан Максимилијан

Во текот на првото полугодие учениците и наставниот кадар на „Максимилијан“ реализираа бројни училишни и вонучилишни активности. Имено, тие учествуваа на работилници за превенција од насилство меѓу учениците, пружање на прва помош, дипломатски базар, а се вклучија и во повеќе кампањи за подигнување на јавната свест.

Максимилијан Максимилијан

Менаџерскиот тим на „Максимилијан“ на сите ученици, родители и граѓани им ги честита новогодишните и божиќните празници, посакувајќи им добро здравје, среќа, мир и успеси.

За тековните активности на училиштето можете да се информирате преку:

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11425 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.