Почетна » Новости » Промо » Отвори онлајн депозит во Шпаркасе Банка: Промотивни каматни стапки за онлајн депозит и за детски депозит

Отвори онлајн депозит во Шпаркасе Банка: Промотивни каматни стапки за онлајн депозит и за детски депозит

Скопје, 2 октомври 2025 – Во месецот на штедење, Шпаркасе Банка АД Скопје воведува нов дигитален производ наменет за штедење – Онлајн депозит со промотивни каматни стапки и целосна дигитална достапност.

Депозитот претставува стратегиски чекор во дигиталното банкарство на Шпаркасе Банка со кое се овозможува клиентите да отворат депозит целосно онлајн, преку мобилната апликација S-Banka, без потреба од посета на експозитура. Со неколку кликови, штедењето станува брзо, едноставно и безбедно, без употреба на хартија и посета на експозитура.

Сите клиенти што ќе отворат онлајн депозит, преку мобилната апликација S-Banka, добиваат промотивна каматна стапка, која важи во периодот од 1.10.2025 до 31.10.2025.

Шпаркасе Банка

КАМАТНИ СТАПКИ ЗА ОНЛАЈН ДЕПОЗИТИ

Штедење во денари:

  • 2,80 % фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
  • 2,70 % фиксна каматна стапка за орочување на 13 месеци

Штедење во евра:

  • 2,10 % фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
  • 1,90 % фиксна каматна стапка за орочување на 13 месеци

Дополнително, Шпаркасе Банка воведува промотивни каматни стапки за Детски депозит Плус со следните услови:

Шпаркасе Банка

За штедење во денари, клиентите добиваат:

  • 2,75 % фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци
  • 2,70 % фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци

За штедење во евра:

  • 2,00 % фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
  • 2,05 % фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци

„Горди сме што токму во месецот на штедење ги претставуваме новите решенија, кои комбинираат сигурност и иновација. Со ОНЛАЈН депозитот ја отвораме новата ера на дигитално штедење, а со Детскиот депозит Плус ја поттикнуваме навиката за штедење уште од најмала возраст. Со своето повеќедецениско искуство и поддршка од 200-годишната традиција на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, Шпаркасе Банка нуди сигурни и практични можности за финансиска иднина на своите клиенти“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29647 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.