Почетна » Новости » Промо » Осмомартовски честитки кои ќе ги згреат срцата: Децата од Литл Ми заедно со татковците им го разубавија денот на своите мајки

Осмомартовски честитки кои ќе ги згреат срцата: Децата од Литл Ми заедно со татковците им го разубавија денот на своите мајки

Сите ние во животот имаме жени кои најмногу ни значат и кои ни се прва асоцијација за љубов, поддршка, храброст, мотивација и посветеност. Мајка, баба, тетка,сестра, пријателка, сопруга, девојка... Тие жени треба да го слушнат најтоплото „Те сакам“ и најгласното „Благодарам“ како честитка за 8 Март, затоа што не постои поскапоцен подарок од чиста и искрена мисла.

Инспирирани од детската искреност и непосредност, од приватната градинка Литл Ми се досетија како на несекојдневен начин, да им го разубават овој ден на сите мајки кои им ги довериле своето најголемо богатство, децата.

Литл Ми

Осмомартовската честитка, кај секое дете предизвика возбуда и голема желба ја искажат неизмерната љубов кон мајка си. Децата, заедно со своите татковци снимија видео, во кое точно се препознава секоја силна емоција кога ќе се спомне зборот МАЈКА.

„Мојата мама е најдобра“, „Ти си најдобрата мајка“, „И благодарам на мојата мама дека ми роди братче“, ова се само дел од пораките и честитките што ќе украдат сечие внимание и што предизвикуваат бура од емоции.

Целта на оваа осмомартовска активнот е единствена, а тоа е децата од мали нозе да научат да ја ценат и почитуваат најважната личност во животот – мајката, како и секоја друга жена што е дел од нивниот живот. Татковците им дадоа одличен пример за тоа како се покажува љубов и благодарност.

На забавен начин, со многу насмевки, со по некој срамежлив поглед и со најслаткиот детски џагор се прослави овој 8 Март во Литл Ми. Со ваквата интеракција децата ги учат вистинските вредности во животот, а притоа уживаат во секој миг поминат во градинка.

Со мали чекори до големи насмевски за спомени што не се забораваат. Среќен 8 Март на секоја жена - хероина.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11510 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.