Почетна » Новости » Промо » Нова кампања на Гранд кафе со Анѓелка Стевиќ Жугиќ: Ајде да имаме време и за себе!

Нова кампања на Гранд кафе со Анѓелка Стевиќ Жугиќ: Ајде да имаме време и за себе!

Често слушаме дека животот станува побрз, дека поради стрес и бројни обрски доаѓа до синдром на прегореност, па затоа треба да се постават граници и да одвоиме време за себе. Но, што всушност тоа значи? Кога последен пат сте одлучиле да се задоволите себеси, но онака искрено и само – себеси? Кога сте прошетале до скриеното катче, каде можете да ги слушнете вашите желби и потреби во тишина. Кога последен пат сте ги исклучиле нотификациите на телефонот, сте си подготвиле шолја од омиленото кафе и едноставно сте се препуштиле на најдрагата книга или филм? Овие прашања ни помагаат да се преиспитаме колку навистина се слушаме себеси, а доколку немаме одговори на овие прашања, тоа може да значи дека не си посветуваме доволно време на себеси и затоа може да се случи да „преврие“.

Симболичен пример за тоа е токму подготовката на омиленото кафе, кое исто така може да преврие ако не го тргнеме навреме од ринглата. Затоа, Гранд кафе со својот препознатлив слоган „Ајде да имаме време“, веќе трета година по ред потсетува колку е важно да одвоиме време за луѓето и работите кои ги сакаме, но и за нас самите. Продолжението на оваа кампања и во 2024 година, порачува дека е неоппходно да водиме сметка најпрво за себеси, за да можеме вистински да се грижиме и за другите.

Овојпат, на кампањата ѝ се приклучи познатата актерка од соседството, Анѓелка Стевиќ Жугиќ, која на сликовит и автентичен начин ги долови разните ситуации во животот на современата жена, во кои многумина можат да се препознаат. Таа е жена од светот на бизнисот, но истовремено грижлива и пожртвувана према своите најблиски. Колешка која во трчање се подготвува за важниот работен состанок, мајка која го носи детето во градинка, шопингхоличарка... таа е сето тоа, но со мера! Ова е порака за одговорната жена која успева да диши длабоко и да застане во вистинските моменти, за да го „тргне кафето од рингла“ навреме.

„Често жонглираме помеѓу различните улоги и обврски во текот на секој ден, што понекогаш може да биде навистина голем предизвик, па понекогаш ни се случува да „превриеме“. Иако уживам во улогата на мајка, сопруга, актерка, во дружењето со пријателите, сепак научив да препознаам кога е неопходно да поминам малку време сама со себе, да направам пауза и да земам воздух. Тогаш си велам – прво едно кафе, па сѐ останато. Токму поради тоа се посветив на оваа кампања на Гранд кафе, која истовремено е и потсетник за сите нас дека секогаш е потребно да најдеме барем малку време за себе, за нашите мисли, како и за оние мали ритуали кои нѐ прават среќни. Само на тој начин можеме успешно да најдеме баланс во секој ден“, вели Анѓелка Стевиќ Жугиќ.

Ајде да имаме време

Постојат оние мали (и малку поголеми) работи кои толку пати сме сакале да ги направиме само „за своја душа“, но кога ќе се присетиме на нив, веќе во следниот момент мислиме дека немаме време. Понекогаш поминуваме премногу време превејќи го она што мораме бидејќи мислиме дека обврските не можат да чекаат, наместо она што навистина сакаме да го правиме.

Затоа, ајде да имаме време и за себе, баш сега!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11273 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.