Од 23 април 2025 година, Скопје е побогато за уште едно магично место за детска радост и креативна авантура – KiDS Escape Room Skopje. Најновата франшизна локација на брендот што веќе ги освојува децата и родителите низ целиот регион!
Лоциран на ул. Хелсинки 47, овој простор од 180 м² е специјално дизајниран за деца од 6 до 13 години, функционален, безбеден и целосно адаптиран за незаборавно искуство.

Преку игра до вештини!
Кај нас, децата учат преку акција, смеа и тимска работа да развиваат логичко размислување, креативност и снаодливост, сето тоа низ вистински авантуристички предизвици!
Три тематски соби – три неверојатни мисии!
- Тајни агенти – мисија, тајна задача и исчезната актовка. Времето тече!
- Школа за магија – свет исполнет со магични ефекти. Ќе ја спасат ли магијата?
- Лабораторија – експеримент надвор од контрола. Можат ли децата да ја решат ситуацијата?

Секое дете е дел од приказната водено од обучени аниматори кои се грижат за безбедноста, мотивацијата и максималната забава. Децата не се заклучени, туку потопени во светот на фантазијата и тимскиот дух.
Родендени кои се паметат!
KiDS Escape Room не е само игра, туку е вистинско доживување!
По авантурите, забавата продолжува во модерно уреден простор со диско светла, музика и анимација. Сè е осмислено за да биде незаборавно и за децата и за родителите.


Сè е подготвено, вие само треба да дојдете!
Во пакетите се вклучени: покани, грицки, сокови, декорации и целосна организација. А доколку сакате прославата да биде уште послатка, ви нудиме можност за торта во три различни вкуса, за целосно безгрижна и заокружена роденденска прослава.




Скопје доби ново омилено место за детска забава и комбинација од едукација, игра и фантазија!
KiDS Escape Room е идеално решение за родители кои бараат нешто поразлично од класичните родендени, и за деца на кои им е време за ново искуство.
А какви се првите впечатоци?
Ќе оставиме вие да ни кажете.
За информации и резервации: 070 416100
KiDS Escape Room Skopje