Во тек се уписите за прво одделение во Меѓународното училиште „Максимилијан“ за учебната 2025/2026 година.
Станува збор за акредитирано приватно училиште, кое активно работи во воспитно – образовната дејност повеќе од 15 години. Како IB светско училиште (International Baccalaureate) во „Максимилијан“ се применува Primary Years Programme (PYP) програмата, која овозможува развој на ученикот преку истражување и практични примери. Исто така, оваа образовна установа е и единствена Oxford International Curriculum акредитирана во цел регион.
„Максимилијан“ е лоцирано на влезот од Градскиот парк, со што го прави изолирано од урбаното јадро, а истовремено е лесно достапно и пристапно за сите.

Зошто вашето дете да стане прваче во „Максимилијан“ ? Причините се многубројни, но ќе ги истакнеме најважните придобивки:
- Вашето дете ќе учи преку истражување. Уште од самиот почеток, наставно – воспитниот кадар ги подготвува учениците за останатите скалила во образовниот процес, но и во животот. Во „Максимилијан“ се учи преку практични примери, посета на установи, експерименти, работилници во природа и сл.
- Индивидуалниот пристап е гарантиран, а одделенијата се организирани до 10 ученици. На овој начин, посветеноста на наставниците е поголема, а фокусот на најмладите подолготраен.
- Наставата се изведува на англиски јазик. Учениците од рани години стекнуваат вештини за комуникација на англиски јазик, како еден од основните странски јазици кои денеска треба да се познава. На младите им се отвораат и повеќе можности, стануваат посвесни за почитување на различностите и за вклучување на поразличните другарчиња во секојдневните активности.


Директорката на училиштето, Софија Филиповска Јордановска истакнува и едни други, значајни апекти за правилен раст и развој на учениците:
„Денеска живееме и во ера кога најмладите се сериозно погодени од информации, трендови, социјални мрежи, сајбер насилство (булинг) и сл. Нашиот педагошки тим особено е фокусиран на развој на вистински вредности кај учениците преку стимулирање на толерантноста, отворениот пристап, искреноста и емпатијата. Овие вредности, особини не можат да се научат преку теорија, но можат да се стекнат низ многу разговори, практични ситуации и сесии кои се организираат во образовната установа. А горди сме што токму за оваа проблематика имаме и тим, кој постојано се едуцира и усовршува“ - посочува Софија.


Запишете го своето дете во „Максимилијан“ и овозможете му уште од самата младост да развива критичко размислување, да ја сфати суштината на долготрајно учење и постојано надградување, како и да развива конкретни интереси за својата идна професија.
Следете нѐ на социјалните мрежи:
Комерцијален текст