Почетна » Новости » Промо » Кога е најпаметно да се прави ласерска епилација и зошто?

Кога е најпаметно да се прави ласерска епилација и зошто?

Сакате мазен тен во секоја пригода? Уморни сте од отстранување на влакната во последен миг и чекање термин за депилација во козметички салон? Тогаш со сигурност сте размислувале да направите ласерска епилација како едно од најпопуларните и најефективни решенија за отстранување на влакната.

Есента и зимата се најдобрите периоди за почнување со процесот на ласерска епилација бидејќи чекањето до пролет не е добра идеја. Овој период не остава доволно долг период за да поминете низ целиот процес на ослободување од влакната пред да дојде летото.

Ласерското отстранување влакна бара повеќе третмани на точно одреден временски период, па ако летото е на прагот, нема доволно време за да се заврши третманот. Затоа, најдобро е да почнете по завршување на летото и следното да го пречекате подготвени.

Ласерска епилација

Одберете го вистинскиот апарат за ласерска епилација

Одбирањето на вистинскиот апарат за ласерска епилација е, можеби, најважниот дел од процесот. Не функционираат сите апарати исто и некои се подобри од другите. Еден од најдобрите на пазарот кај нас е популарниот Lumea IPL од Philips, кој претставува револуционерно решение направено од професионални дерматолози за ефикасно и безбедно отстранување на непосакуваните влакна.

Ова е уред што можете да го користите сами во удобноста на вашиот дом. Тој е лесен за употреба и ги третира цело лице и тело многу ефикасно. Со можноста за третмани само двапати месечно нуди брзи резултати, а не бара премногу труд, што го прави одличен избор за сите жени што имаат динамично темпо на живот и не би можеле да издвојат време за подолги и почести третмани во козметички салон.

Овој уред користи SkinAI технологија, односно прави анализа на кожата и следење на намалувањето на растот на влакната преку бесплатната апликација. Ласерот има и четири додатоци, кои ја следат формата на телото, овие додатоци ја активираат најефективната програма за третман на секој дел од телото, додека технологијата SenseIQ на уредот додава пет лесно приспособливи поставки за светлина и сензори за тон на кожата.

Што е, всушност, ласерска епилација и како функционира?

Ласерска епилација е процес во кој коренот на влакното на телото се распрснува и уништува под притисокот на топлина произведен од апаратот. Ваквите апарати испраќаат ласерски зрак до влакното на кожата, а самото влакно го пренесува бранот топлина до коренот под кожата.

Токму затоа процесот е безболен, но максимално ефикасен и долготраен. Со ласерската епилација резултатите се неповторливи и може да се каже дека е еден од најдобрите методи за отстранување на несаканите влакна. Иако постојат и други методи и производи за козметика, сè повеќе жени и мажи го користат овој метод.

Ласерска епилација

Зошто овој метод е најдобриот?

Иако може да се почувствува мало скокоткање или пецкање кога ласерот ги погодува влакната, ова е, сепак, безболен метод. Од друга страна, депилацијата, користењето бричеви, машини и слично, ни одблизу не го нудат комфорот што го нудат ваквите апарати.

Дополнително, сите овие методи бараат постојано враќање назад и отстранување на влакната, додека ласерската епилација со неколку третмани се ослободува од проблемот на многу подолг период.

Единствениот проблем е што ласерската епилација дејствува само на влакна со пигмент. Светлите влакна не се третираат, а процесот може да потрае подолго – време за кое ќе мора да се навикнете на долгите влакненца на кожата. Но, откако третманот ќе биде комплетен, веќе нема да имате ниту најмали влакна што ќе ви пречат.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.