Почетна » Новости » Промо » КАМ петта година по ред е прогласен за маркет чии производи се со најдобар квалитет во Македонија

КАМ петта година по ред е прогласен за маркет чии производи се со најдобар квалитет во Македонија

Независната швајцарска интернационална агенција ICERTIAS и оваа година го прогласи КАМ за домашен малопродажен синџир со апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар. Сертификатот QUDAL, КАМ го добива петта година по ред, а тој е резултат на истражување меѓу потрошувачите кое што реномираната агенција од Швајцарија го спроведе во Македонија.

„Искуствата и задоволството на потрошувачите ни даваат најголем мотив во нашата работа. Потврда за тоа добиваме секојдневно, токму со нивниот избор КАМ да биде местото каде што можат да најдат сè што им е потребно, но овие истражувања со интернационален кредибилитет, ни укажуваат дека таа вредност е препознаена и надвор од нашите граници. Како и досега, така и во иднина ќе продолжиме да изнаоѓаме начини континуирано да го зголемуваме квалитетот на понудата во нашите маркети“ - велат од менаџментот на КАМ.

Кам

Во текот на истражувањето, од швајцарска агенција ICERTIAS на потрошувачите им е поставено следното прашање: „Наведете го името на домашниот малопродажен синџир кој според Вашето лично искуство и мислење нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет на македонскиот пазар“. Во убедливо најголем број одговори, како маркет со најдобар квалитет на домашниот пазар, токму КАМ е избор број 1 за потрошувачите во Македонија.

Дополнително, КАМ петта година по ред е прогласен и за маркет каде што според потрошувачите има најдобар сооднос цена-квалитет. Оваа награда, Best Buy Award, КАМ ја доби како резултат на најголемиот број гласови во истражувањето спроведено на македонскиот пазар од швајцарската интернационална агенција ICERTIAS. Во рамки на истото истражување, КАМ се најде на првото место во соодносот цена-квалитет за пекарите кои што се дел од синџирот маркети.

Уште едно истражување, тоа на „Инсајдер ИД“, потврдува дека КАМ е најпопуларниот маркет во Македонија. И за 2023/24, како и за претходните шест години, КАМ е прогласен за број 1 префериран ланец на маркети на домашниот пазар. Во рамки на истото истражување, КАМ зазема прво место и во поткатегориите: највисока лојалност, најдобар сооднос на цена и на квалитет како и најдобра локациска покриеност.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.