Почетна » Новости » Промо » Истражи ја креативноста – од отпад до уметничко дело: Започна TrashForArt 2024

Истражи ја креативноста – од отпад до уметничко дело: Започна TrashForArt 2024

Во организација на Пакомак, а со поддршка на Нула Отпад и Прилепска Пиварница во тек е традиционалниот награден конкурс „Trash for art 2024“. Овој конкурс е со цел да се поттикнат граѓаните да ја разбудат креативноста во себе и да се подигне јавната свест за паметно управување со амбалажниот и електронскиот отпад, и отпадните батерии.

Конкурсот „Trash for art 2024“ трае од 26 јануари до 26 февруари 2024 година и е отворен за возрасни и деца кои ќе се натпреваруваат во три категории: градинки, основни училишта и поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други). Во секоја категорија ќе бидат доделени по три парични награди, 30.000 денари за прво место, 20.000 за второ и 10.000 денари за трето место.

Trash for art 2024

Оваа година се доделуваат две специјални награди. Едната специјалната награда е за уметничко дело изработено само од електронски отпад, ја доделува Нула Отпад ДОО Скопје и ќе изнесува 30.000 денари. Другата е за најдоброто уметничко дело изработено од амбалажен отпад на Прилепска Пивара, за што компанијата ќе додели награда од 30.000 денари.

„Trash for art e уникатна и единствена можност да ја разбудиме и поттикнеме креативноста кај луѓето. Притоа, корисни сме за околината и ја развиваме свеста за управувањето со отпад и неговиот третман од страна на населението после употребата на производите. Ние во Пакомак веруваме во креативниот потенцијал и се радуваме на сите дела кои ќе пристигнат. Ќе доделиме вредни парични награди и веруваме дека тоа ќе биде дополнителен мотив за вклучување во натпреварот“ – велат од Пакомак.

Trash for art 2024

Под амбалажен отпад се подразбираат: лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажа од козметика и од средства за чистење, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак, кеси од чипс, обвивки и сл., а може да се користи и електронски отпад и отпадни батерии. Под електронски отпад и отпадни батерии се подразбираат: мобилни телефони, кабли, полначи, цедиња, матични плочи, сијалици, екрани, таблети, поточно сѐ што работи на струја или батерии, а повеќе не се употребува.

Еден учесник може да пријави повеќе дела кои треба да бидат изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или од различен тип амбалажа) во висина до 150 см. За уметничко дело од електронски отпад треба да се употребат минимум три дела од електронски отпад и отпадни батерии. Сите дела треба да се достават или испратат по карго служба во Кинотека на Република Северна Македонија, во Скопје („Другарче”, наспроти средното училиште „Никола Карев”) на 26.02.2024 или 27.02.2024 година до 16 часот.

Trash for art 2024

Наградените дела ќе бидат објавени на веб-страницата на Пакомак на 28 февруари и истите ќе останат во сопственост на компанијата.

Останатите правила за овој натпревар може да се прочитаат на официјалната веб страна на Пакомак или на нивниот Facebook или Instagram профил.

Trash for art 2024

Инаку, на овој традиционален натпревар, кој се организира веќе 13 години се изработени многу вредни и уникатни дела чии фотографии можат да се погледнат на профилите на социјалните мрежи на Пакомак.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11271 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.