Почетна » Новости » Промо » Елеонора Гаштевска е среќната добитничка на Hyundai Venue од наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија

Елеонора Гаштевска е среќната добитничка на Hyundai Venue од наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија

Заврши наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија „ИГРАЈ ЗА HYUNDAI VENUE И 120 НАГРАДИ ЗА ПАТУВАЊЕ И КАМПУВАЊЕ“. Елеонора Гаштевска, од с. Цапари, Битола е добитничката на главната награда – автомобил Hyundai Venue. Денеска, на БС ЛУКОИЛ Првомајска, во Скопје во присуство на Н.Е. Амбасадорот на Руската Федерација во Р.С. Македонија Сергеј Александрович Баздникин, Раководителот на Балканската Меѓурегионална Организација „ЛУКОИЛ” и генерален директор на „ЛУКОИЛ Македонија” Денис Јурјевич Рјупин и регионалниот управител на „ЛУКОИЛ Македонија” Андреј Михајлович Куку свечено беше доделен автомобилот Hyundai Venue. Клучевите веќе се во рацете на најсреќната Елеонора.

Лукоил награда

„ЛУКОИЛ Македонија фокусирано работи на креирање позитивно искуство со своите корисници. Секојдневно, преку снабдување на гориво со постојан квалитет, но и обезбедување на висококвалитетни услуги. Задоволството на потрошувачите и нивната лојалност за нас се од големо значење. Токму затоа, секоја година бараме начин како да им кажеме благодарам. Оваа година организиравме голема наградна игра која траеше 6 месеци, пред Новогодишните и Божиќните празници, во духот на дарувањето ја доделивме и главната награда – прекрасниот автомобил Hyundai Venue. На Елеонора ѝ посакувам добро здравје и многу среќа во годината што доаѓа и секако сигурни и безбедни патувања со новиот автомобил”, изјави г-динот Андреј Михајлович Куку регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

„Годинава ЛУКОИЛ Македонија е нашиот Дедо Мраз! Подобар подарок и поголемо изненадување не можевме ни да замислиме. Веќе ги имам клучевите во рака, но сè уште се прашувам дали ова навистина мене ми се случи. Пресреќна сум! За мене ова е навистина голем ден! Пред Новогодишните и Божиќните празници би сакала да им посакам на сите да се надеваат и да веруваат, зашто среќата се случува кога најмалку ја очекуваме. И благодарност од срце за ЛУКОИЛ Македонија кои мислат и нас потрошувачите и ја ценат лојалноста” – изјави добитничката на главната награда Елеонора Гаштевска.

Наградната игра започна на15 јуни, а заврши на 15 декември 2023 година. Во тој период беа изведени вкупно 6 извлекувања и беа доделени 120 награди на исто толку среќни добитници. Најголемата среќа во оваа наградна игра ја имаше Елеонора од с. Цапари, Битола - добитничката на главната награда – автомобил Hyundai Venue.

ЛУКОИЛ Македонија изразува огромна благодарност до сите што учествуваа во наградната игра и им ги честита Новогодишните празници на сите граѓани на Македонија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11424 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.