Почетна » Новости » Промо » Денот навистина може да биде убав!

Денот навистина може да биде убав!

Денеска навистина не ти е денот. Интернетот дома е исклучен и сите се бесни поради тоа. На бирото на работа ти останаа сметките за комуналии затоа што не стигна да тркнеш до банка за да ги платиш. И ти фалеше уште новата лична карта, која ја земаш наредната недела и повторно мора да одиш во банка за да ја пријавиш како нов личен податок.

Дали навистина мора? Денот секако може да биде многу повесел и побезгрижен и ти го заслужуваш тоа. А, секојдневните финансиски обврски можеш да ги извршуваш во секое време од дома, канцеларија или кое било друго место благодарејќи на онлајн банкарството. Тоа навистина звучи одлично!

Комерцијална Банка

Неограничените можности стануваат вистинска привилегија и бенефит за секого со само една алатка - електронска идентификација преку OneID, која ја нуди Комерцијална банка, а е развиена во соработка со Некстсенс и КИБС. Банката, како лидер на пазарот, овозможи интегрирана примена на оваа алатка, така што со електронскиот идентититет имаш пристап до бројни банкарски производи и услуги од далечина и во секое време.

Кога сакаш да отвориш нова платежна сметка, направи го тоа целосно онлајн преку услугата Платежна сметка со OneID и добиј платежна сметка и дебитна картичка преку брза и едноставна постапка и без посета на шалтер.

За да уживаш во привилегиите на банкарството 24/7, активирај Интернет банка преку OneID. Со тоа штедиш и на трошоци за банкарски услуги затоа што надоместоците за трансакции преку Интернет банка се од 60 % до 80 % пониски отколку на шалтер.

Мобилната апликација мБанка, покрај многуте можности и привилегии ти ги нуди и бесплатните услуги Плати на пријател и Подели сметка, со кои од именикот на твојот мобилен телефон лесно и брзо префрлаш пари или делиш сметка со твоите пријатели.

Ажурирај ги секогаш навреме твоите лични податоци со бесплатната дигитална услуга Ажурирај лични податоци преку OneID, а тоа пак значи непречен пристап до производите и услугите на Банката и одговорни лични финансии.

Сето ова ти овозможува огромна заштеда на време, ги средува твоите лични финансии, ти ги намалува трошоците за финансиски трансакции, ти помага да стигнеш до твојата еко цел и помалку да користиш автомобил... Денот навистина може да биде убав!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.