Почетна » Новости » Промо » Градинарството како грижа за себе

Градинарството како грижа за себе

Градинарството ги активира сите наши сетила. Кога поминуваме повеќе време грижејќи се за нашата градина, имаме простор да ги согледаме сезонските трансформации во природата, да уживаме во прекрасните бои и да вдишуваме од различните опојни мириси.

Градината е корисна за телото, умот и за духот. Mоже да го подобри лошото расположение и да го отстрани чувството на анксиозност, депресија или стрес. Многу студии упатуваат на тоа дека изложеноста на растенија и на зелени површини е добра за менталното и за физичкото здравје.

Наспроти 8 Март, не чекајте подароци од некој друг, туку набавете цвеќе, растенија и други предмети за дворот или терасата и посветете се на практика што ќе ви помогне да се чувствувате силно во сопствената кожа.

Градинарство

Зошто градинарството е добро за менталното здравје?

Можеби се прашувате зошто токму градинарството може да има толку добро влијание врз нашата благосостојба? Оваа активност нуди комбинација од физичка активност, изложеност на природа и сончева светлина. Исто така, штом вашата градина стане убава и негувана, може да бидете сигурни дека и вашите блиски ќе ви се приклучат во одгледувањето.

Градината така станува и простор за социјална поврзаност или место каде што можете да поминувате квалитетно време во пријатен амбиент, кој поттикнува разговор со блиските.

Со поминување повеќе време на сончева светлина се зголемува нивото на витамин Д во телото, а на сите ни треба повеќе од овој витамин бидејќи тој влијае на имуниот систем и ги намалува стресот и анксиозноста.

Поминувањето повеќе време во градината може да влијае позитивно и на вашата самодоверба. Зошто? Затоа што одгледувањето растенија воопшто не е толку лесно колку што изгледа. Всушност, растот и развојот на растенијата за многумина може да биде голем предизвик.

Кога ќе забележите дека вашиот труд дава резултати, дека тоа што било мало растение со неколку листови одеднаш пораснало во големо, тоа ќе влијае позитивно на вашата слика за себе и ќе го зголеми чувството на гордост.

Како градинарството ќе ви помогне да останете фокусирани?

Денес голем број компании профитираат од нашата дефокусираност и расплинетост. Популарно е да се биде „мултитаскер“, а за многумина од нас е исклучително тешко да останеме сконцентрирани на само едно нешто, дури и кога е тоа една сосема едноставна задача.

Ако забележувате дека вашиот ден се претвора во една голема и долга дистракција, тогаш градинарството може да ви помогне подобро да се концентрирате на тоа што е точно пред вас.

Без разлика дали копате, садите или ја уредувате градината, ќе ви биде потребен фокус на активностите за да имате успешни резултати, особено ако се тоа ваши први обиди за развивање на вашите градинарски вештини. Посветеноста на една активност во градината ќе ве инспирира да им пристапите слично и на другите обврски во вашиот живот.

Инспирација за поздрав начин на живот

Одгледувањето градина е процес што трае. Работата никогаш нема да биде завршена. Со текот на времето ќе почнете да чувствувате одговорност бидејќи имате контрола над негувањето жив организам.

Доколку направите сосема нова градина во вашиот двор, ќе донесете и промена во животот на сите членови во вашето семејство, како и убави моменти за сите што ќе доаѓаат во градината и ќе поминуваат време со вас. Кога правите една позитивна промена, најчесто таа инспирира на уште една.

Градинарството може да ве поттикне да одгледувате овошје и зеленчук и да се храните поздраво. Задоволството да се вкусат плодовите што сами сте ги одгледале не може да се замени со купување намирници во маркет или на пазар.

Градинарство

Будење на креативноста

Да се создава градина е креативен процес еднаков на тој да се слика на платно или да се пишува книга. Со секој ваш потфат ја создавате конечната слика за тоа како ќе изгледа вашата градина.

Бидете креативни и експериментирајте со изборот на растенија, материјали, украси и мебел за вашата градина. Нема правила во овој креативен процес, тоа е ваша градина и можете да направите откачено зен-катче, чијшто стил ќе ви биде разбирлив само вам или рајско катче во кое ќе уживаат сите ваши блиски.

Во градината можете да поставите маси, столчиња, лежалки, перничиња и да одберете уникатни саксии. За убава ноќна атмосфера во градината можете да одберете осветлување што совршено ќе се вклопи во амбиентот. Создавањето градина ќе ве поттикне одново да се поврзете со себе на еден сосема нов начин.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.