Почетна » Новости » Промо » Вашето дете заслужува образование кое мотивира и поттикнува критичко размислување

Вашето дете заслужува образование кое мотивира и поттикнува критичко размислување

Меѓународното приватно училиште „Максимилијан“ нуди образовни програми за предучилишно, основно и средно образование (национална и меѓународна програма). Лоцирани во урбаното јадро, на влезот на стариот дел од Градскиот парк, оваа образовна установа на вистински начин ги подготвува младите за животните предизвици со кои ќе бидат соочени.

Преку принципот на International Baccalaureate (IB) education, „Максимилијан“ ги подготвува учениците за успех во ова динамично општество на промени и глобализација. Оттука, преку IB програмите младите не се оставени сами на себе и единствено на училишните помагала (учебници, IT уреди) туку се поттикнати да размислуваат, да го развиваат своето критичко мислење, комуникација и соработка со сите други чинители во околината.

Приватно училиште „Максимилијан“

Придобивките од IB образованието се многубројни, а истото е признаено и вреднувано на секаде во светот. Оттука, „Максимилијан“ овозможува учениците од Македонија да учат и да се развиваат по образовни стандарди кои се применети и во најразвиените земји. Станува збор за приватно меѓународно училиште кое нуди квалитетен и сеопфатен образовен процес и ги подготвува младите за следните животни скалила.

Располагаме со просветни работници кои негуваат двонасочна комуникација со учениците. Истите ги мотивираат да научат преку личен пример, секојдневна пракса или едукативна игра. На овој начин, го напуштаме традиционалниот принцип на учење и сме фокусирани на градење на млади луѓе кои своето знаење ќе можат да го применат во секојдневниот живот. Учениците учат во мултикултурна средина, со свои врсници од повеќе од 20 националности. Ова е причина повеќе за зајакнување на нивните лични капацитети, како и вредности за толеранција и меѓусебно разбирање.

Приватно училиште „Максимилијан“

Преку нашите воспитно – образовни служби правиме напор да ги мапираме и реалните интереси и таленти на младите. Согласно нивниот интерес/талент се обидуваме да ги насочиме и да ги мотивираме на личен раст и развој во насоката во која веќе пројавиле интерес или имаат претходни знаења и искуства.

Во текот на учебната година иницираме и голем број на вонучилишни активности. Истите имаат за цел да ги зајакнат социјалните вештини на младите, да ја напуштат „комфор зоната“ и да се градат во индивидуи кои придонесуваат и се грижат за заедницата.

Учениците се дел од помали одделенија/групи (од најмногу 10 лица), во кои наставниците посветуваат доволно внимание на секој ученик/ученичка. Целиот тим се труди да креира мотивирачка средина за младите. Покрај пренесувањето на знаења и вештини, работиме и на подобрување на менталното здравје на младите. Имајќи предвид дека учениците се повеќе се погодени од дигитализацијата, влијанието на социјалните мрежи и трендови, имаме обучен кадар кој развива единствен пристап за справување со психичките проблеми, со кои се соочуваат младите луѓе во Македонија, регионот и Европа.

Приватно училиште „Максимилијан“

Сите заинтересирани родители, млади ги повикуваме да ја пополнат оваа електронска пријава за упис или да го исконтактираат меѓународното училиште „Максимилијан“ за дополнителни информации. Наставата е на англиски јазик, а уписите се активни до 31-ви август.

Училиштето е лоцирано во општина Карпош, во стариот дел од Градскиот парк, на бул. „8 Септември“ бр.14, тел: 02-3099-925, e – mail: contact@maximilian.edu.mk

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.