Почетна » Новости » Промо » S-Banka – отсега со нов, модерен дизајн, достапна и за правни лица, со многубројни функционалности

S-Banka – отсега со нов, модерен дизајн, достапна и за правни лица, со многубројни функционалности

Шпаркасе Банка АД Скопје, следејќи ги актуелните трендови на пазарот и работејќи во интерес на своите клиенти, со цел да им овозможи непречена мобилност и достапност на широк опсег банкарски услуги, воведе многубројни новитети во својата мобилна апликација S-Banka.

Новата верзија на мобилната апликација S-Banka, со новиот модерен дизајн креиран за подобрено корисничко искуство, има нови функционалности за физички лица, а за првпат е достапна и за правни лица, клиенти на Шпаркасе Банка.

Шпаркасе Банка

Со цел подобрување на квалитетот на услугите, за физичките лица што се корисници на S-Banka воведуваме:

  • Интегриран С-Токен за најава и плаќање на веб
  • Можност за најава на веб со push-нотификација
  • Можност за плаќање со потврда со push-нотификација

Физичките лица досега имаа пристап до следните банкарски услуги на S-Banka:

  • Едноставен начин на плаќање режиски трошоци, интерни трансакции и трансфер на средства кон сите физички и правни лица
  • Биометрија (Face ID / Touch ID) при најава во апликација и авторизација на налози
  • Плати на пријател – брзо и едноставно префрлување средства на Вашиот пријател со сметка во Шпаркасе Банка, само со избор на неговиот контакт во телефонскиот именик
  • Подели сметка – лесно делење на вкупниот износ за плаќање со Вашите пријатели со сметки во Шпаркасе Банка и корисници на апликацијата S-Banka, само со избор на нивните контакти од телефонскиот именик
  • Pop-up нотификации за сите нови функционалности и унапредувања на решенијата на банката, во функција на клиентите

Правните лица, пак, за првпат добиваат можност за користење на мобилната апликација S-Banka, извршувајќи многубројни банкарски услуги, меѓу кои:

  • Биометрија (Face ID / Touch ID) при најава во апликација и авторизација на налози
  • Увид во состојбата на сите денарски сметки и бизнис-картички
  • Можност за плаќање од денарски сметки каде што корисникот е овластен
  • Можност за креирање и снимање налози
  • Увид во е-налози и идни налози
  • Увид и експорт во PDF на налози и извод за денарска трансакциска сметка
  • Лоцирање на најблиските банкомати и експозитури
  • Увид во курсна листа

Новата верзија на мобилното банкарство на Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува стратегијата на Банката за дигитализација и модернизација на своите услуги и овозможување врвно корисничко искуство за своите клиенти.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11212 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.