Почетна » Новости » Актуелно » Црна мачка, чукни во дрво... Суеверијата под лупа со Ели Пешева во „Reality Check“

Црна мачка, чукни во дрво... Суеверијата под лупа со Ели Пешева во „Reality Check“

Дали сте суеверни или не баш, ама чукате во дрво за секој случај? Колку нашата култура и традиција ни ги оформуваат верувањата, навиките и начините на кои се однесуваме?

Погледнете во најновата емисија на „Reality Check“, каде што Ели Пешева на необичен, интересен и хумoристичен начин, преку анкети, експерименти и разговори со психолог, нè доближува до откривање на некои работи кои и самите не сме ги знаеле за себе.

Откако продира во размислувањата за популарните суеверија на случајни минувачи, грациозната и духовита новинарка и активистка нè носи во домот на дизајнерката Ива Спасовска, го става Божидар Божиновски во улога на „искусен гледач на кафе“, а потоа ја разглобува психолошката страна на суеверијата со Деспина Ковачевска, гешталт терапевт во едукација.

Уживајте!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25449 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.