Почетна » Новости » Актуелно » Стопанска банка АД: Важно соопштение за исплатата на мартовски пензии

Стопанска банка АД: Важно соопштение за исплатата на мартовски пензии

Почитувани, имајќи ги во превид засилените мерки за заштита од ширење на COVID-19, Стопанска банка информира дека мартовските пензии од фондот на ПИОМ ќе бидат предвремено процесирани со цел да се намали присуството на пензионери во филијалите на првиот календарски ден во месецот и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти најосетлива на пандемијата.

Стопанска банка

Бидејќи најголем дел од пензионерите во Банката поседуваат дебитна картичка поврзана со сметката на која се процесира пензијата, Ве известуваме за следното:

  • Пензионерите кои поседуваат дебитна картичка со мартовските пензии ќе можат да располагаат од среда, 25.03.2020 исклучиво на мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
  • Пензионерите кои не се корисници на дебитна картичка пензијата ќе може да ја подигнат почнувајќи од 28.03.2020 (сабота). В сабота, Стопанска банка АД – Скопје ќе ги отвори СИТЕ свои 55 филијали со работно време од 9 до 13:30ч за да се овозможи клиентите да располагаат со средствата, а притоа да бидат заштитени од непотребни гужви кои се опасни за колективното здравје. Апелираме овие клиенти при подигање на пензијата да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија со цел максимално да се намали нивното присуство во филијалите заради лична и колективна заштита.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита. Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти во исто време додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.

Банката согласно воспоставените стандарди за работа, за новиот начин на процесирање на мартовските пензиите до клиентите ќе информира преку сите достапни канали за комуникација:

  • Јавна објава на веб страницата, социјалните мрежи и медиумите
  • Истакнување на известување во Филијалите и
  • СМС известување за клиентите кои оставиле контакт телефон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10604 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.