Почетна » Новости » Актуелно » Сташа Божиновска со изложбата „ДУМА“ во Тирана: Накит инспириран од зборот, во чест на македонскиот јазик

Сташа Божиновска со изложбата „ДУМА“ во Тирана: Накит инспириран од зборот, во чест на македонскиот јазик

Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик, во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана беше претставена изложбата „ДУМА“ на дизајнерката Сташа Божиновска – колекција на уникатен накит инспириран од македонската азбука и лексичкото наследство.

Сташа Божиновска

Изложбата беше дел од свечената програма по повод 5 Мај – денот кога во 1945 година е донесено решението за македонската азбука, клучен момент во процесот на официјализација и стандардизација на македонскиот јазик.

Колекцијата „ДУМА“ ги оживува подзаборавените зборови – како „Абер“, „Бакнеж“, „Ѕуница“, „Џагор“ – преку дизајнерски јазик што ги претвора зборовите во симболични парчиња накит од сребро. Преку спој на современи форми и традиционална естетика, проектот „Азбучен споменар“ го става македонскиот збор во срцето на визуелната уметност.

Сташа Божиновска Сташа Божиновска Сташа Божиновска Сташа Божиновска

Настанот беше организиран од Амбасадата на Република Северна Македонија во Албанија, Културно-информативниот центар во Тирана и Лекторатот по македонски јазик при Универзитетот во Тирана

Сташа Божиновска Сташа Божиновска Сташа Божиновска Сташа Божиновска Сташа Божиновска Сташа Божиновска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27363 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.