Елена Ристеска не може да ја преболи својата пријателка Сара Пројковска која трагично го изгуби својот живот во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Македонската пејачка сподели фотографија на која со широки насмевки позираат со Сара и со нејзината колешка Ана Костадиновска.
„Сара недостигаш“ – напиша таа, а Ана ѝ возврати: „Многу“.

И Ана постојано споделува фотографии од Сара со која беа не само придружни вокали на многу бендови, туку и беа многу блиски пријателки.




Елена беше дел од славните личности која со порака се збогуваше со Сара преку социјалните мрежи. По големата трагедија во Кочани, таа напиша:
НЕ, НЕ, НЕ!!! Не прифаќам и нема никогаш да прифатам дека те нема! Саре сестрице моја, толку многу поминавме заедно со тебе и Ана, толку убави спомени, толку концерти, толку бендови сменивме ние три, ти беше таа која не ми дозволи да се откажам од музиката кога се разочарував! Ти- добрица, ферчина, другарчина, позитивна, пожртвувана и како човек, и како колега и како мајка на златни две деца. :((( Тоа заразно смеење со тебе нема никогаш да го извадам од главата! Тоа најубаво пеење ќе продолжи да го придружува Тоше, таму на небото. Ама Саре вака не се договоривме! Се договоривме дека ќе пееме и понатаму! Се договоривме да се видиме! Вака не!!! Не сакам да верувам, не сакам!!! Не прифаќам!
Сестро моја, ти беше упорна и борбена да смениме 100 бендови, ама да не се откажеме! На крајот ти се откажа! :((( Ама зошто вака?!?! Зошто?? Не можам да престанам да те плачам, нема никогаш да те преболам! Нема! Најдобрата личност во живот што сум ја сретнала, чесна, добра, секогаш фер и коректна, секогаш поддршка, секогаш грб мој! Емотивна, убава и во душата и во лицето. Солзиве не застануваат, никогаш нема да застанат. Не не и не!!!



