Почетна » Новости » Актуелно » Првата дама Џил Бајден со претседателот Џо сними фотосесија во Белата куќа за „Вог“

Првата дама Џил Бајден со претседателот Џо сними фотосесија во Белата куќа за „Вог“

Џил Бајден ја сними својата прва фотосесија за „Вог“. 70-годишната прва дама на САД позираше со претседателот Џо во Белата куќа.

Фотосесијата ја потпишува реномираната фотографка Ени Либовиц.

Бајден

Во интервјуто, парот призна дека посветено работи на бракот и покрај бројните работни обврски. „Вистина е дека и двајцата сме зафатени. И затоа мораме повеќе да се трудиме да издвојуваме време еден за друг. Дури и за заедничка вечера. Сè уште си палиме свеќи, разговараме, ги оставаме телефоните настрана“ – изјавил претседателот Џо за списанието.

Бајден Бајден

Оскар де ла Рента, Ралф Лорен и Мајкл Корс се дел од модните куќи кои ја облекоа Џил за фотосесијата.

Бајден

„Сакам да се чувствувам комфорно во Белата куќа. Тоа е како моја куќа на плажа, во која можеш да влезеш и да седнеш на столица дури и ако твојот костим за капење е со песок. Сакам луѓето да се чувствуваат удобно, како тоа да е нивна куќа. А не да си мислат: ‘Ох, не смеам да го допрам ова’“ – вели Џил.

Д-р Џил Бајден е професорка по англиски јазик и авторка. Таа е првата Прва дама на САД која за задржа својата работа дури и откако нејзиниот сопруг беше избран за Претседател.

Бајден

Џил позираше и со петте внуци.

Бајден

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11188 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.