Почина Сара Пројковска, која беше пратечки вокал на ДНК за време на нивниот настап во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која изби страотен пожар.
Веста за смртта на талентираната музичарка ја потврдија од Факултетот за музичка уметност - Скопје со емотивна порака:
Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр.проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани.
Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица...
Од ДНК починаа и пејачот Андреј и тапанарот Ѓорѓи Горѓиев, како и нивниот фотограф Александар Ефремов.
Бројот на жртви и повредени во страотниот пожар постојано расте. Официјално е дека починале 59 лица, а над 155 се хоспитализирани.
