Убавите вести секогаш ни го разубавуваат денот.
Слаѓана Штајнерман од Србија стана мајка на 56-годишна возраст, благодарение на доктор Таше Трпчевски и стручниот тим од битолската болница Плодност.
Бебенцето било зачнато со првата рунда на инвитро и го добило името Доротеа, што значи „дар од Бога“.
Среќната вест ја сподели д-р Трпчевски на социјалните мрежи, заедно со пораката која ја добил од Слаѓана, која живее во Германија.

УШТЕ ЕДЕН НАШ УСПЕХ! НА 56 ГОДИНИ СЕ РОДИ ДОРОТЕА. НЕЈЗИНИОТ ТЕЖОК ПАТ ОД СРБИЈА ДО ГЕРМАНИЈА ЗАВРШИ ВО ПЛОДНОСТ СО НАЈГОЛЕМИОТ ДАР
56-годишната Слаѓана Штајнерман од Србија, која живее во Германија, дојде за прв пат во Болница Плодност пред една година со надеж дека мајчинството можеби за неа сè уште е возможно.
Денес, добив порака која ме направи навистина радосен! Нејзината ќерка која го носи името Доротеа што значи „дар од Бога“, се роди здрава и жива како резултат на вербата и трпението на нејзините родители и нашиот заеднички труд, што е уште еден доказ дека возраста не секогаш е граница кога науката и нашето долгогодишно искуството се тука.
Под нејзина иницијатива и со целосна согласност ја споделувам пораката во знак на благодарност што ми ја испрати оваа храбра пациентка:
„Добар ден, докторе.
Честитки за уште еден успех. 23.04 Малата Доротеја се роди малку порано, бидејќи во осмиот месец почнав многу да отекувам, моето тело задржуваше вода. Затоа ме породија 15 дена пред терминот. Но, во ред е, најважно е дека бебето е здраво и дека доби оценка 10.
Секако, кога сте вие во прашање, не очекував ништо помалку. Германците останаа без зборови од 56-годишна жена со вонтелесно оплодување кое од првпат беше успешно. Честитки до вас и до целиот тим.
Сè уште се опоравувам, но кога ќе бидам подготвена ќе се пофалам јавно, ако се согласувате. Цело време бев во контакт со биолозите, кои исто така многу ми значеа, особено со Горан и Стефан, со кои често разговарав и кои ми беа голема поддршка.
Голем поздрав и благодарам за оваа среќа.“
Од срце Ви честитаме заедно со мојот тим и посакуваме големо Добредојде на Доротеа.
ДА НИ Е АЛАЛ!
