Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 85 новозаразени, 45 оздравени и 4 починати од коронавирус во Македонија

Нови податоци: 85 новозаразени, 45 оздравени и 4 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.188 тестирања, а се потврдени 85 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 32
  • Куманово – 9
  • Дебар – 3
  • Штип – 9
  • Прилеп – 1
  • Тетово – 1
  • Велес – 2
  • Битола – 4
  • Кавадарци – 6
  • Гостивар – 7
  • Струмица – 1
  • Кочани – 1
  • Демир Хисар – 1
  • Виница – 1
  • Кичево – 7
Податоци

Починати се 4 лица, два пациенти од Скопје (72г. и 84г.), пациент од Дебар (62г.), и пациентка од Штип (66г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 1
  • Тетово – 13
  • Велес – 2
  • Битола – 3
  • Демир Хисар – 2
  • Делчево – 1
  • Свети Николе – 13
  • Кичево – 7

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 5 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Досега во земјата се направени вкупно 114.807 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.839, бројката на оздравени пациенти е 7.664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.648.

Дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 5149, активни 1335
  • Куманово 1148, активни 276
  • Дебар 219, активни 127
  • Штип 953, активни 400
  • Прилеп 345, активни 49
  • Тетово 1088, активни 190
  • Струга 478, активни 195
  • Велес 234, активни 23
  • Битола 165, активни 72
  • Охрид 297, активни 89
  • Кавадарци 110, активни 88
  • Гостивар 562, активни 326
  • Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
  • Струмица 41, активни 25
  • Крива Паланка 26, активни 12
  • Радовиш 33, активни 10
  • Крушево 16, активни 7
  • Кочани 112, активни 24
  • Пробиштип 63, активни 21
  • Демир Хисар 43, активни 30
  • Македонски Брод 51, активни 40
  • Пехчево 6, активни 0
  • Берово 8, активни 4
  • Валандово 7, активни 1
  • Виница 30, активни 26
  • Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 14, активни 4
  • Свети Николе 239, активни 114
  • Кичево 196, активни 116
  • Ресен 146, активни 17
  • Неготино 31, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.