Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 156 новозаболени и 6 починати од коронавирус кај нас

Нови податоци: 156 новозаболени и 6 починати од коронавирус кај нас

Бројот на заболени од КОВИД-19 во нашата држава забрзано расте. Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи.

Новозаразените со SARS-CoV-2 според местото на живеење се од:

  • Скопје - 100
  • Куманово - 11
  • Дебар - 1
  • Штип - 6
  • Прилеп - 1
  • Тетово - 19
  • Струга - 2
  • Велес - 6
  • Битола - 1
  • Охрид - 1
  • Кавадарци - 1
  • Гостивар - 1
  • Гевгелија - 1
  • Кочани - 3
  • Кратово - 1
  • Свети Николе - 1
коронавирус

Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката.

На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.

коронавирус

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти.

- Скопје 10
- Штип 3
- Тетово 10
- Велес 1
- Битола 1
- Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на КОВИД-19. Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид-19.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.820, бројката на оздравени пациенти е 1.863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.735.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.