Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 120 новозаразени, 123 оздравени и 4 починати од коронавирус во Македонија

Нови податоци: 120 новозаразени, 123 оздравени и 4 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство извести дека во изминатите 24 часа направени се 954 тестирања, а регистрирани се 120 новозаболени со КОВИД-19.

Според местото на живеење, новозаразените со коронавирусот се од:

  • Скопје - 64
  • Куманово - 4
  • Дебар - 4
  • Штип - 2
  • Прилеп - 2
  • Тетово - 14
  • Струга - 5
  • Битола - 3
  • Охрид - 7
  • Гостивар - 2
  • Македонски Брод - 1
  • Свети Николе - 2
  • Кичево - 5
  • Ресен - 5
Податоци

Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од: Скопје (17), Куманово (92), Штип (2), Прилеп (1), Тетово (4), Велес (1), Кичево (1) и Ресен (5).

Во ГОБ „8 септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.454, бројката на оздравени пациенти е 2.598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.550.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 131 пациенти. На респираторна машина се 10 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11139 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.