Почетна » Новости » Актуелно » Нова состојба: 48 новозаболени, 4 излекувани и 2 починати од коронавирус во земјата

Нова состојба: 48 новозаболени, 4 излекувани и 2 починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство ги објави новите информации за коронавирусот во земјата.

Дијагностицирани се 48 нови случаи, со што вкупниот број на заболени од КОВИД-19 се искачи на 711.
По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

Излекувани се нови четворица од заболените пациенти. Од инфективната клиника испишани се 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

коронавирус

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка.

Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид -19.

коронавирус

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

  • Скопје – 284
  • Куманово – 168
  • Дебар – 49
  • Штип-21
  • Прилеп –50
  • Тетово – 31
  • Струга – 33
  • Велес – 18
  • Битола –8
  • Охрид –4
  • Кавадарци – 3
  • Гостивар –6
  • Гевглелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка-3
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 19
  • Пробиштип - 1

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10619 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.