Почетна » Новости » Актуелно » Нов успех во борбата со коронавирусот: Вакцината на „Модерна“ е ефикасна речиси 95%

Нов успех во борбата со коронавирусот: Вакцината на „Модерна“ е ефикасна речиси 95%

„Модерна“ (Moderna) уште повеќе ги подгрева надежите дека се наѕира крајот на пандемијата. Фармацевтската компанија соопшти дека вакцината која ја разви против КОВИД-19 нуди заштита од 94,5%.

Вакцина

„Ова очигледно се многу возбудливи резултати“ – изјави д-р Антони Фаучи, водечкиот специјалист за инфективни заболувања во САД.

Високата ефикасност беше потврдена со клиничко испитување со 30.000 лица. Половината од нив примиле плацебо, а од другата половина сите биле вакцинирани. Во период од неколку месеци, во групата којашто примила плацебо биле регистрирани 90 случаи на КОВИД-19, а 11 биле со тешка форма на болеста. Од друга страна, во вакцинираната група имало само 5 случаи на КОВИД-19 и ниту еден од нив не бил со тешка клиничка слика.

Од компанијата велат дека вакцината нема сериозни несакани ефекти. Само мал процент од тие што ја примиле пријавиле болки во мускулите и главоболка.

Пред само една недела, „Фајзер“ (Pfizer) и „Бионтек“ (BioNTech) објавија дека нивната вакцина е ефикасна повеќе од 90%.

Вакцина

Голема предност на вакцината на „Модерна“ е што може да се чува 30 дена во фрижидер на температура од -20°С. Тоа значи дека може да се користи инфраструктурата за веќе достапните вакцини.

За разлика од неа, вакцината на „Фајзер“ може да се чува само 5 дена во фрижидер на температура од -75°С.

И двете вакцини се даваат во две дози.

Фаучи смета дека вакцинирањето во САД ќе започне во втората половина на декември. На почетокот ќе бидат вакцинирани само медицински лица и лица од ризичните групи.

„Мислам дека сите ќе започнат да се вакцинираат кон крајот на април. И тоа ќе продолжи во мај, јуни, јули. Ќе бидат потребни неколку месеци“ – вели тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11071 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.