Почетна » Новости » Актуелно » Историски момент: 90-годишна жена прва во светот ја прими вакцината против КОВИД-19 на „Фајзер“

Историски момент: 90-годишна жена прва во светот ја прими вакцината против КОВИД-19 на „Фајзер“

Велика Британија започна да ја реализира програмата за имунизација на населението против новиот коронавирус SARS-CoV-2

Маргарет Кинан, која следната недела ќе наполни 91 година, стана првата личност на светот која ја прими вакцината на „Фајзер“ откако истата беше одобрена за употреба. Среќната Британка беше во самоизолација од март, па затоа ја нарече вакцината „најдобриот подранет роденденски подарок кој можела да го посака“.

Маргарет Кинан Маргарет Кинан Маргарет Кинан

Кинан само посакувала да има пријатен Божиќ со семејството, а ќе остане запишана во историјата.

„Се чувствувам привилегирано што сум првата личност вакцинирана против КОВИД-19, тоа е најдобриот подранет роденденски подарок кој можев некогаш да го посакам, бидејќи значи дека конечно ќе можам да поминам време со пријателите и со моето семејство за Нова година откако бев сама во најголем дел од годината. Мој совет за секој на кого ќе му биде понудена вакцината е да ја прифати – ако јас можам да ја имам на 90, можете и вие“ – рекла таа.

Маргарет Кинан Маргарет Кинан

Веднаш по Маргарет, вакцината ја прими 81-годишниот Вилијам Шекспир.

Маргарет Кинан

Околу 50 болници во Британија започнаа со вакцинација против КОВИД-19 на лицата постари од 80 години кои се болни или хоспитализирани, како и на вработените во старските домови.

Маргарет Кинан Маргарет Кинан Маргарет Кинан Маргарет Кинан Маргарет Кинан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.