Почетна » Новости » Актуелно » Нов рекорд на позитивни: 2.341 новозаразен и 26 смртни случаи од КОВИД-19

Нов рекорд на позитивни: 2.341 новозаразен и 26 смртни случаи од КОВИД-19

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 6.193 тестирања, а има 2.341 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 1.146
  • Битола – 185
  • Кавадарци – 115
  • Куманово – 101
  • Велес – 92
  • Тетово – 74
  • Прилеп – 72
  • Гевгелија – 65
  • Гостивар – 49
  • Кичево – 45
  • Охрид и Неготино – по 43
  • Валандово – 31
  • Радовиш – 29
  • Ресен – 28
  • Кочани – 27
  • Струмица и Струга – по 25
  • Штип – 20
  • Делчево – 17
  • Свети Николе – 16
  • Богданци – 15
  • Виница – 10
  • Крива Паланка, Берово и Демир Капија – по 9
  • Демир Хисар – 8, Кратово и Пехчево – по 6
  • Македонски Брод и Македонска Камница – по 5
  • Крушево – 4
  • Пробиштип – 3
  • Дебар и Дојран – по 2

Од вкупниот број на позитивни (2.341), регистрирани се 308 реинфекции, од кои една втора реинфекција.

ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 10 починати лица од Скопје (51г, 68г, 73г, 76г, 78г, 78г, 78г, 86г, 91г и 95г), по 2 починати од Тетово (66г и 79г), Велес (74г и 83г) и по едно починато лице од Гевгелија (82г), Кавадарци (52г), Крива Паланка (74г), Куманово (81г), Македоснка Каменица (88г), Охрид (74г) и Струмица (57г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице, од Штип (83г), со датум на смрт на 19.01.2022г. во болнички услови.

Дополнително од страна на ОБ Гевгелија пријавени се 4 лица (по две лица од Дојран и Гевгелија). Починатите лица се на возраст од 74 – 91г. Починати во претходните две недели. Сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), осум лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 1.470 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 768
  • Битола – 115
  • Прилеп – 98
  • Куманово – 82
  • Струмица – 55
  • Велес – 40
  • Тетово – 34
  • Кавадарци – 33
  • Гостивар – 27
  • Штип и Крива Паланка – по 26
  • Кичево – 22
  • Кочани – 20
  • Свети Николе – 18
  • Неготино – 15
  • Гевгелија и Ресен – по 14
  • Радовиш – 13
  • Делчево и Крушево – по 10
  • Пробиштип - 6
  • Виница и Демир Хисар – по 5
  • Валандово и Богданци – по 4
  • Кратово и Македонски Брод – по 2
  • Охрид и Демир Капија – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.