Почетна » Новости » Актуелно » Најнови податоци: 68 нови случаи на коронавирус кај нас

Најнови податоци: 68 нови случаи на коронавирус кај нас

Расте бројот на нови случаи на коронавирус во нашата држава. Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 позитивни на КОВИД-19, со што вкупниот број достигна 828 лица.

Коронавирус

По градови, новозаболените се од Скопје (15), Куманово (18), Прилеп (14), Тетово (2), Струга (10), Велес (6), Битола (1), Гостивар (1) и Кочани (1).

Во изминатото деноноќие направени се 404 теста, а досега направени се вкупно 8.057 тестирања на коронавирус.

Коронавирус

На инфективната клиника се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Тие се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика.

Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.