Почетна » Новости » Актуелно » Најнова состојба: Рекордни 42 оздравени, 54 нови заболени и 6 смртни случаи од коронавирус во земјата

Најнова состојба: Рекордни 42 оздравени, 54 нови заболени и 6 смртни случаи од коронавирус во земјата

Во изминатата деноноќие, во земјата се дијагностицирани 54 нови случаи на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на заболени од КОВИД-19 се искачи на 908.

По градови, новите случаи се од Скопје (13), Куманово (25), Штип (1), Прилеп (10), Тетово (1), Велес (2), Гостивар (1), Кичево (1),

Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови.

Коронавирус

Во изминатите 24 часа починаа шест нови пациенти.

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г).

Коронавирус

Според местото на живеење, случаи на заболени од коронавирус досега се регистрирани во:

  • Скопје – 329
  • Куманово – 236
  • Дебар – 49
  • Штип-28
  • Прилеп –85
  • Тетово – 38
  • Струга – 43
  • Велес – 34
  • Битола –9
  • Охрид –4
  • Кавадарци – 3
  • Гостивар –9
  • Гевглелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка-3
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 22
  • Пробиштип – 2
  • Кичево – 1

Во изминатото деноноќие направени се 710 теста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.