Почетна » Новости » Актуелно » Најнова состојба: 38 оздравени, 21 новозаболен и 2 смртни случаи од коронавирус кај нас

Најнова состојба: 38 оздравени, 21 новозаболен и 2 смртни случаи од коронавирус кај нас

Според денешното соопштение на Министерството за здравство, во изминатите 24 часа регистриран е 21 нов случај на коронавирус во земјата.

По градови новозаболените се од: Скопје (7), Куманово (6), Прилеп (4), Тетово (1), Пехчево (1), Делчево (1) и Струга (1).

Со тоа, вкупниот број на заболени од КОВИД-19 кај нас е 1.442.

коронавирус

Бројот на оздравени лица повторно порасна и во изминатото деноноќие се потврдени 38 нови излекувани пациенти.

Вкупната бројка на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на КОВИД-19.

коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на КОВИД-19 пристигнал вчера.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11082 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.