Почетна » Новости » Актуелно » Најнова состојба: 37 нови заболени, 15 оздравени и 2 смртни случаи од коронавирус кај нас

Најнова состојба: 37 нови заболени, 15 оздравени и 2 смртни случаи од коронавирус кај нас

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус во нашата држава. Со тоа вкупниот број на заболени од КОВИД-19 се искачи на 1.207.

По градови, новите заболени се од Скопје (8), Куманово (9), Прилеп (5), Тетово (3), Велес (3), Охрид (8) и Кочани (1).

Коронавирус

Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови.

Починаа двајца пациенти позитивни на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.

Во изминатото деноноќие направени се 314 теста, а вкупно досега 11.870 тестирања на коронавирусот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.