Почетна » Новости » Актуелно » Најнова состојба: 21 оздравени, 18 новозаболени и 3 починати од коронавирус во Македонија

Најнова состојба: 21 оздравени, 18 новозаболени и 3 починати од коронавирус во Македонија

Сè повеќе расте бројот на оздравени лица од коронавирус во земјава. Министерството за здравство информираше дека има 21 нови излекувани лица, од кои 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, а сите се лекуваа во домашни услови.

Во изминатото деноноќие дијагностицирани за 18 новозаболени од КОВИД-19. По градови, Скопје (2), Куманово (9), Штип (2), Тетово (2), Велес (1), Гостивар (1) и Пехчево (1).

Вкупниот број на заболени лица кај нас се искачи на 1.225.

Коронавирус тест

Починати се тројца пациенти позитивни на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46-годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски период била на механичка вентилација, и еден 71-годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63-годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

Коронавирус тест

Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:

  • Скопје – 411
  • Куманово – 338
  • Дебар – 51
  • Штип – 34
  • Прилеп –117
  • Тетово – 57
  • Струга – 55
  • Велес – 59
  • Битола –17
  • Охрид –15
  • Кавадарци – 4
  • Гостивар –13
  • Гевгелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка – 4
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 27
  • Пробиштип – 2
  • Кичево – 2
  • Неготино – 2
  • Демир Хисар – 1
  • Македонски Брод – 2
  • Пехчево – 1

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.