Инспиративна женска енергија и позитивни вибрации пулсираа насекаде, подароци се делеа на секој чекор, а ентузијастички џагор ја преплави арената „Борис Трајковски“ на првиот „Find your beauty“ евент на dm кој се одржа на 24 мај.
Несекојдневната прослава на индивидуалноста и убавината привлече речиси 1.500 посетители кои не ја криеја возбудата и не штедеа комплименти за сè што доживеаја.
Компанијата dm потврди дека најдобро знае како да ја препознае и да ја издигне вистинската убавина која не се крие зад совршени линии и филтри, туку блеска преку самодовербата, креативноста и автентичноста. Секој елемент од организацијата беше внимателно осмислен: од топлиот пречек, специјалните „пасоши“ и торбички што ги добиваа гостите на самиот влез, до атрактивните катчиња што нудеа интеракција со 19 врвни брендови и полнеа раце со подароци.
Магијата на настанот не лежеше само во беспрекорната организација, туку и во чувството на заедништво што се чувствуваше во секој здив. Со внимателно куриран концепт и со префинет вкус за естетика и детали, dm создаде атмосфера што наликуваше на уникатен универзум, место каде гостите не беа пасивни посматрачи, туку важни актери во приказната за убавината, која не познава стереотипи и ограничувања.
Преку работилниците за изработка на балсами, лосиони, dream catchers и фигури, се славеше креативната страна на убавината, додека советите за одредување на типот на кожа, идеални бои за секој тен и ритуали за нега го заокружуваа едукативниот карактер на настанот.






“
„Среќни сме што речиси илјада и петстотини посетители имаа шанса да го откријат dm светот од нов агол преку автентични искуства и незаборавни моменти кои ќе останат запаметени, но и што избраа да ја прослават разноликоста заедно со нас и да ја поддржат #скрозјас пораката: да се сакаме себеси, без споредби“.




Секој уживаше во разоткривањето на светот на dm од една нова, интерактивна перспектива, во динамичните панел-дискусии кои оставаат трага и стимулираат нови размислувања и во возвишувањето на женската убавина – внатрешна и надворешна.
Со ова незаборавно издание, dm не само што постави нови стандарди за beauty настани кај нас, туку јасно порача дека ова е само првиот чекор. Овој спектакл на убавина, инспирација и заедништво отвори врата за многу следни приказни, уште посветли средби и уште посилна поврзаност со секоја од нас.





































































Фото: Ерина Богоева / Femina.mk