Почетна » Новости » Актуелно » Мрак на екраните?! Најавено повремено гасење на ТВ каналите од недела

Мрак на екраните?! Најавено повремено гасење на ТВ каналите од недела

Кабелските оператори најавија дека од недела ќе има повремени прекини во реемитувањето на телевизиските програми.

ТВ мрак

Гасењето е во знак на протест поради одлуките на Владата околу регулирањето на авторските права и наложувањето на пререгистрација на странските програмски сервиси во рок од 60 дена.

Имено, на операторите им се наметна обврска да гарантираат за авторските права на програми кои само ги реемитуваат, што подразбира да сносат материјална и кривична одговорност. Спорната измена во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше изгласана на 16 февруари, односно на денот на распуштањето на Собранието.

Со протестно писмо, испратено до државни органи, странски амбасади, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за електронски комуникации, операторите известуваат за претстојните прекини и предлагаат компромисно решение.

Тие се едногласни дека законската обврска е неприменлива, бидејќи со реемитувањето, тие немаат контрола врз тоа дали се регулирани авторските права за сите програми кои ги креираат и емитуваат телевизиите.

„За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за истото, со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува кон почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба од Владата“ – стои во споменатото писмо.

Во однос на наметнатата обврска за пререгистрација на странските ТВ канали со даден рок од 60 дена кој истекува на 8 август, операторите предупредуваат дека тоа може да резултира со „враќање на достапноста и разновидноста на телевизиски содржини на ниво од пред 30-40 години“.

Во писмото е наведен и предлог за разрешување на проблемот: „Со овој допис предлагаме конкретна измена на подзаконските акти во надлежност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со што потенцијалот од ризик за повреда на авторските права ќе се сведе на минимум. Имено, предлагаме измена на Упатството за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава со додавање соодветна процедура што ќе ја официјализира постапката на затемнување на секоја содржина реемитувана од странски радиодифузер за која национален радиодифузер ќе нѐ извести дека поседува ексклузивни и/или приоритетни права за реемитување на територијата на Р.С. Македонија.“

Повремените прекини во програмата би траеле сѐ додека не се стигне до прифатливо решение.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11025 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.