Почетна » Новости » Актуелно » Министерката за култура во фустан од Папаз, а премиерот Ковачевски со ќерката во Рим за Денот на Светите браќа Кирил и Методиј

Министерката за култура во фустан од Папаз, а премиерот Ковачевски со ќерката во Рим за Денот на Светите браќа Кирил и Методиј

Делегација на македонската влада беше во дводневна посета на Рим и Ватикан во рамките на традиционалните свечености во чест на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска имаше прием кај Неговата светост Папата Франциск заедно со премиерот Димитар Ковачевски и неговата ќерка Тамара Ковачевска, како и Бујар Османи, министер за надворешни работи, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Мартин Попов, шеф на Кабинет на Претседателот на Владата, Ана Андреева, секретар за комуникации, односи со јавност и протокол, Даријан Сотировски директор на Комисија за односи со верски заедници, Никола Јанкуловски ректорот на УКИМ, Пимен Илиевски митрополитот на МПЦ-ОА, Јосиф Тодоровски митрополитот на МПЦ-ОА и Зоран Стојанов декан на струмичка епархија на Католичка црква и Марија Ефремова, амбасадорката на Република Северна Македонија во Ватикан.

Делегација во Рим

„Свечениот ден кога голем дел од Европа ги слави светите браќа Кирил и Методиј, за македонската делегација во Ватикан е возвишен и со аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост папата Франциск. Од името на македонскиот народ, изразивме благодарност за честа што Светиот Престол ја има кон мисијата на сесловенските просветители“ - порача министерката Костадиновска Стојчевска.

Почитувајќи го строгиот протокол, таа носеше фустан и вел соодветни за овој настан од македонскиот моден дизајнер Папаз и бисери од Филеви.

„Фустанот е со прикладна должина изработен од кашмир и свила, збогатен со рачно извезена памучна чипка, нанесена низ цела креација. Силуетата е строга и прочистена, истакната со пеплум, а сите детали се минимализирани“, изјави Папаз за Femina.mk.

Делегација во Рим

Тој додава дека удобноста и изградениот вкус на министерката беа во фокусот на вниманието при смислувањето на дизајнот.

„Целта беше да се создаде креација која ќе плени со својата едноставност и квалитет. Велот е изработен од свилен жоржет, кој со својата леснотија и провидност дава елегантен ефект и е прикачен за венче изработен од истата чипка која ја има на фустанот“ – појаснува македонскиот креатор.

Делегација во Рим

Претседателот на Владата Ковачевски беше во придружба на неговата ќерка Тамара, која исто така носеше црна креација со вел.

Делегација во Рим Делегација во Рим

На аудиенцијата кај Светиот отец Франциск, како една од централните активности од програмата за чествување на животот и големото дело на Светите Кирил и Методиј, премиерот Ковачевски изрази благодарност за посетата на Папата на нашата земја во 2019 година која што беше прва посета на предводник на Римокатоличката црква запишана како историска.

За време на разговорот, беше истакната улогата на Светите браќа Кирил и Методиј кои со својата мисија да го шират христијанството на јазик разбирлив за словенските народи извршија и мисија на поврзување на народите на Европа.

Ковачевски на Папата Франциск му подари рачно изработен фрагмент со калиграфско пишување на рачна изработена хартија од пофалното слово на Свети Климент Охридски, бројаница со традиционален охридски бисер и филигран, како и винил плоча од македонскиот виртуоз Влатко Стефановски.

Делегација во Рим Делегација во Рим Делегација во Рим Делегација во Рим

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12000 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.