Кристијано Роналдо доби позитивен резултат на рутински тест за новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Славниот Португалец е асимтоматски и е во изолација.

„Кристијано Роналдо беше ослободен од националниот тим по позитивен тест за КОВИД-19. Португалскиот интернационалец е добро, без симптоми и во изолација“ – стои во соопштението на Португалската фудбалска федерација.

Само неколку часа пред да ги добие резултатите, Кристијано објави фотографија од блиската средба со неговите соиграчи. Останатите репрезентативци направиле тестови и се негативни.
